2011-01-09

Ти се чини...


Ви текнува ли на Трајче Манев, Макфест 90 и некоја, кога изјавуваше љубов на минус 23. Ке цитирам дел од текстот на неговиот сонг, текстописец замисли Венко Андоновски!

Дел од стиховите идат вака:

Никој под ова небо не љуби толку нежно, ти ми требаш еднаш месечно.

Не знам дали стихот вака е поставен заради постигнување на рима ефектот или едноставно потребата за љубење му доаѓала на типот еднаш месечно.

Нема везе друго сакав да кажам за Трајче. Во времето кога Трајче држеше кафич во родниот му Штип , на крајот на една добра рок вечер, едно друштвенце што испило бааѓи и добро се забављало, немале да доплатат, па го замолиле: Трајче брате, дај ќе тркнеме до дома, да донесеме париве да се раздужиме, наши сме се знаеме, нема да избегаме, секој втор ден сме тука.

Трајче на тоа им одговорил, може, ама остајте некоја од јакниве во залог, по можност да е кожна.


А надвор – 23, замисли.

Е тоа бе брат ти се вика урбана легенда.

Сепак легендата за која сакам да ви раскажам не е позната фаца, нема спот, нема песна, не учествувал на квиз, нити има некаков бизнис на македонското подрачје. Он е едноставно дечко од соседството, ама неговиот стил на понашање го прави повеќе од уникатен. Типот е крајно реален. Во што се состои неговата уникатност, сега ќе ви раскажам.

Го викаат Мите Мне. Живее во Гевгелија. Мистериозен е исто колку што е Ристе од Припор. За Мите Мне знам само една дешавка, кратка ама доволно јака да го направи урбана легенда. Дешавката иде вака…

Искача Мите во кафич во Гевгелија. Нормално сам. Искулиран до даска. Облечен онака, со филтер 57 и со намера да испие две пива на шанк пошто за толку има пари. Влегуваат три другарки. Пијат по 2 сечени вотки и им станува досадно, а кафичот е слаб со типови за шмекање, па решаваат да си ја напраат вечерта забавна и се договараат да го заебаваат Мите Мне. Заебанцијата е во стил, најзгодната од нив да иде и да му каже дека он мноооогу и се свиѓа.

И така Мите лабав на шанк, пие пиво у ритму музике и не се замара со околина, кога одеднаш до него се лепи згодна бринета и му прави живели. Мите се врти, прави живели, ама не е видно потресен што на 5 сантиметри од него дишат добро обликувани женски гради. Девојкава не чека многу на него, па му вика:

Здраво Мите, те знам од градов ииииииииииии едноставно многу ми се свиѓаш…..

Мите зима цигара, ја пали, вовлекува дим испушта и и одговара:

Ти се чини……….

Се врти, па продужава да кулира на шанк.

Ете тоа е Мите Мне. Не се замара со илузија, не се залетуе, не живее у облаци, све му е јасно. Едноставно тоа е човек од реалноста. Жива легенда. Живео Мите Мне.

За повеќе тука


5 comments:

  1. Требаше да ја раскажеш приказнава порано. :)

    ReplyDelete
  2. Не може да е од Гевгелија а да му кажала...многу ми се свиѓаш :)
    А ако била скопјанка како би знаела една таква локална легенда?
    Некои прашања не заслужуваат одговор а? Или не...
    :)

    ReplyDelete
  3. ReBorned мислам дека одговор на ова прашање - многу ми се свиѓаш? ќе најдеш во еден претходен пост LOST IN TRANSLATION ( http://0.mk/ce5f ) . Авторот заради не навлегување во јазични дубиози, го користеше општо прифатениот аеродромски жаргон. Ова твое прашање го заслужи одговорот и се надевам дека е јасен :) Поздрав

    ReplyDelete
  4. ReBorned мислам дека одговор на ова прашање - многу ми се свиѓаш? ќе најдеш во еден претходен пост LOST IN TRANSLATION ( http://0.mk/ce5f ) . Авторот заради не навлегување во јазични дубиози, го користеше општо прифатениот аеродромски жаргон. Ова твое прашање го заслужи одговорот и се надевам дека е јасен :) Поздрав

    ReplyDelete
  5. Не може да е од Гевгелија а да му кажала...многу ми се свиѓаш :)
    А ако била скопјанка како би знаела една таква локална легенда?
    Некои прашања не заслужуваат одговор а? Или не...
    :)

    ReplyDelete

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...