2010-11-14

Будала е увек иста будала


Paris at night
Tри шибице упаљене једна за другом у ночи
Прва да ти видим лице
Друга да ти видим очи
Последња да ти видим уста
И читава тама ночи да бих се сетио свега тога
Стежучи те у загрљају.
Има и други песни, има и подобри преводи, ама јас ја одбрав ете баш неа и ете баш на српском, за да го почнам постов за една од најнескротливите будали, икад што живееле на овој свет (починал 1977). Кој не знае стиховите се од Жак Превер. Избркан од друштвото на надреалистите... Па се прашувам што ли може да згрешиш за една таква неформална групација на луѓе да те исклучат од нивните редови? Наводно напишал нешто што неформалниот водач на групата Бретон го оценил како невкусно
Веројатно напишал нешто што имало смисла J?.

Вкусно невкусно дечкото за мене е еден од најромантичните луѓе што оделе на земјата, љубел да каже:
Човек без љубов е како фенер без светлина, како бордел без фенер, како пристаниште без морнарска четврт, без музика и песни. А пристаниште без морнарска четврт – па тоа е глупо како носач на авиони.
Човек што често се прашувал:
Зашто луѓето секогаш се прашуваат: „Зашто Рембо престанал да пишува?“ кога не знаат ни зашто почнал.
Дел од песните му стануваат инспирација за легендарни џез композиции што остануваат да бидат изведувани од најголемите артисти низ времето. Сето ова прави да е уште поголем и поромантичен и на крајот прифатен од сите.
An orange on the table, your dress on the rug, and you in my bed, sweet present of the present, cool of night, warmth of my life.
Големо мангупиште со огромна смисла за хумор и сатира, со безброј таленти, ја вдишувал вистински уметноста во секоја нејзина пора. Малку е познато, но се бавел дури и со колаж.

Инаку не знам за вас, ама се уште не сум сретнал негова слика без цигара J
Малку комерцијална изведба, ама препорачувам пуштете си ја песничкава, одвојте некоја минутка за себе и читнете некоја песна од Превер ова неделно утро уз трубата на чичко Мајлс и една од најизведуваните песни на сите времиња Automn leaves.




Да и на крај објаснување за насловот. Еднаш има изјавено:
Bilo da se vozi u karaveli, jaguaru, metrou, autobusu, u DS-u ili LSD-u... budala je uvek ista budala i bez obzira na dužinu puta. (\"Veštački rajevi\", Žak Prever) ...

2 comments:

  1. Аххххххххх.....

    Увело лишче слаже се по земљи
    А ја те још нисам заборавила...

    Ахххххх, што ми направи магаре ниедно во вакви доцни вечерни часови на Превер да се потсеќам. Преполна сум емоции во моментов.

    ReplyDelete
  2. Да се надоврзам на многуте таленти на Превер, и да потсетам на еден од најдобрите филмови некогаш направени, уште во далечната 1945, „Les Enfants du Paradis“.

    Верувајте, вреди да се потрошат 3 саати.

    http://thepiratebay.org/torrent/3279822/Enfants_du_paradis__Les_%28Marcel_CarnA___Eng_Sub__1945%29

    ReplyDelete

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...