Се случуваат и други и толку многу работи и понекогаш можеби е подобро за сите да застанеш на страна и да вдишиш најдлабоко од ова гомнаријава од воздух скопски и да ја даеш на некој плочник јетрата. Понекогаш е добро да сибеш мајката од градот кој најмногу го сакаш, за да сфатиш колку го сакаш. Понекогаш е добро едноставно да си преќутиш, од друга страна, пак некогаш е подобро да си кажеш и да се испокараш... Понекогаш ти треба едноставно да се потсетиш...
Понекогаш почнуваш од цицките, понекогаш директ за пичка, а има денови и ноќи кога ќе останеш чисто на нејзиниот врат, припиен уплашен и замислен дека ќе ја изгубиш засекогаш заради тоа што не го креваш капакот на шољата.
Понекогаш можеби и треба да му кажеш на комшијата дека едноставно не те боли кур за тоа кој кај паркира... Дека повеќе те замара проблемот со пренаселеност на Југоисточна Азија отколку тоа што Куќниот совет треба да ја смени чистачката. Ама и тоа е веќе клише!
И знаеш што е исто клише? Да мрзиш празници! Толку е аут што веќе те фаќа еуфорија и тебе! И само го одложуваш самоубиствотото, што бај д веј исто така станува ин во пост транзиционите земји, па така еве една Србија се искачи на „високото“ 13 место во свет...
И така баш кога ќе висиш со ноџињата накај водата од мостот и ќе ја пушиш 27-та цигара, кога ќе си речеш и помислиш дека животот не вреди да се живее и ако треба нешто да замислиш нема да знаеш од каде да почнеш. Баш кога ќе му го испушиш на Дедо Мразот и кроз смеа ќе те праша, добро бе дибек еден, толкав вол си пораснал и уште веруваш у Дедо Мраз! Баш кога гласот од внатре ќе ти каже, Е СЕГА СИ НАЕБАЛ... Баш затоа што навистина нема смисла постоењето... Ете баш затоа...
Запрашај се што посакуваат децата без родители за Божиќ? И жити се ЌУТИ!
И знаеш што е исто клише? Да ти повторуваат дека си хејтер ако нејќеш (не мразиш) празници, туку едноставно мразиш цел месец декември нова година да ти пречекуваат.
ReplyDeleteАлооо тоа е еден момент, не цел месец.
Ама ајде, оние шо сакаат да си бегаат од с(и/у)ровата реалност ќе те наречат хејтер оти им го рушиш „филмот“ што ги држи „нормални“.
Епа, јебеш нормални! Тие нормалните ги тераат децата за Божиќ да посакуваат нешто, а со тоа автоматски и децата без родители мораат за да се почуствуваат „нормални“.
Епа јебеш нормални!
Запрашај се: како да го смениш светот за да нема деца без родители да посакуваат нешто за Божиќ?
И жити се, не вели „невозможно“!
Прав си Аждерче прав си...
ReplyDelete"Dick: But I don't see what the whole hullabaloo is about New Year's.
ReplyDeleteMary: What do you mean?
Dick: Well, it's so arbitrary. The Earth makes one orbit around the Sun right back to this random point. I mean, the man who came up with this calendar thought the earth was flat. Do you really want to be on his team?"
3rd Rock from the Sun :)