Денес мислам дека македонските, пардон „скопските“ медиуми, се изнајадоа прибајаѓи бурек, со целата дистрибуција на информации околу НЛО-то над Железара.
Што ли бидна со македонското новинарство? Проверува ли некој веќе информации или чисто само се јаде бурек... Па се бунат после дека „обучени“ новинари, па што ти ја знам, професионалци.
Па ми текнува, па дека и прочитав дека АРМ веднаш ја отфрлиле можноста, дека се работи за нивно летало, а МВР кутрите уште проверувале... Што да не имаат такво летало, па незнаат кај им е или??? Најверојатно се работи за вестите објавени од страна на Шпиц, зашто кога ги побарав вестите поврзани за настанот на time.mk , само нивните вести се тргнати, значи си пишуваат дечките, па си повлекуваат, најнормално, згрешиле па ти - „се дешаа“. Инаку се работи за Детонација над Скопје и за Беспилотно летало паднало во Бутел, тврдат очевидци .
И сега од целото јадење бурек и комплетната конфузија на повеќето од медиумите , а и останатите институции, произлезе и новата „мапа“ за Идентификување на Летечките Објекти на македонски начин.
Ве молам внимателно да ја проанализирате !!!
Дел од граната од руско производство вчера тешко повреди еден работник откако експлодира во печката на „Макстил“ и полета неколку километри подолу. Само среќата спречи да има повеќе повредени. Според изјавата на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, ова се првичните информации од увидот на МВР кои се објавени дури денеска повеќе од 24 часа по несреќата.
ReplyDeleteШто се однесува до твоите критики кон медиумите, мислам дека се генерализирани и направени набрзина. Само еден дневен весник, познат по тоа што е жолт печат, на своето интернет издание објави неколку непроверени информации или шпекулации. Најголем број медиуми во овој случај се потпираа исклучиво на податоците од МВР, а само пар медиуми објавија реални стории за случајот.
Сепак, факт е дека квалитетот на македонското новинарство е на многу ниско ниво. Квантитетот не произведе квалитет. Тоа е резултат на желбата за моќ и профит на газди-пиљари од типот на Велија Рамковски(сопственик на Шпиц, Време, А1, крема, 1Е магазин, Хедис маркети и слично).
Бај д веј .. добра е воздухопловнава идентификација.
Не ми останува ништо друго освен да се согласам со тебе...
ReplyDeleteТи благодарам на коментарот, добра прича е кога вистински професионалец ќе пише некој умен збор.
Поздрав.
остај тоа .. него ме разбуди мене ова ракетава и ме мрзеше да станам и да погледнам низ прозор да видам што е ... а ќе ја видев сигурно оти беше многу блиску .. звучеше моќно, како млазен авион и се слушна како тапкаше кога падна ... според мене, виновни се во Макстил што пикнале такво нешто во печка .. всушност како можеле да откупат таква ракета која се уште имала експлозивно полнење во неа?! банана стејт и се е можно! Башка трговецот со старо железо бил од Косово како што чув! :) неверојатно, но вистинито! Толку од корпоративната општествена одговорност .. можеа комотно да згинат едно десетина души ако слеташе ракетава во некоја куќа во керамидница
ReplyDeletehahaha, mi se svigja grafickiot prikaz:DD
ReplyDeleteостај тоа .. него ме разбуди мене ова ракетава и ме мрзеше да станам и да погледнам низ прозор да видам што е ... а ќе ја видев сигурно оти беше многу блиску .. звучеше моќно, како млазен авион и се слушна како тапкаше кога падна ... според мене, виновни се во Макстил што пикнале такво нешто во печка .. всушност како можеле да откупат таква ракета која се уште имала експлозивно полнење во неа?! банана стејт и се е можно! Башка трговецот со старо железо бил од Косово како што чув! :) неверојатно, но вистинито! Толку од корпоративната општествена одговорност .. можеа комотно да згинат едно десетина души ако слеташе ракетава во некоја куќа во керамидница
ReplyDelete