Денес мислам дека македонските, пардон „скопските“ медиуми, се изнајадоа прибајаѓи бурек, со целата дистрибуција на информации околу НЛО-то над Железара.
Што ли бидна со македонското новинарство? Проверува ли некој веќе информации или чисто само се јаде бурек... Па се бунат после дека „обучени“ новинари, па што ти ја знам, професионалци.
Па ми текнува, па дека и прочитав дека АРМ веднаш ја отфрлиле можноста, дека се работи за нивно летало, а МВР кутрите уште проверувале... Што да не имаат такво летало, па незнаат кај им е или??? Најверојатно се работи за вестите објавени од страна на Шпиц, зашто кога ги побарав вестите поврзани за настанот на time.mk , само нивните вести се тргнати, значи си пишуваат дечките, па си повлекуваат, најнормално, згрешиле па ти - „се дешаа“. Инаку се работи за Детонација над Скопје и за Беспилотно летало паднало во Бутел, тврдат очевидци .
И сега од целото јадење бурек и комплетната конфузија на повеќето од медиумите , а и останатите институции, произлезе и новата „мапа“ за Идентификување на Летечките Објекти на македонски начин.
Ве молам внимателно да ја проанализирате !!!