2014-05-26

Сфатив






Мислам не се секирај навистина сфатив,
Твојата кожа која никогаш не го сакаше сонцето,
Твојот мирис кој никогаш не беше нималку доволен,
Сите оние ноќи кога се убедував дека утрото е поумно од денот,
Навистина сфатив,
Животот е рака песок и две ракчиња,
Одвратен недопечен стек и тоа во мала порција,
понекогаш пренасолен пилешки, помалку загорен,
Навистина сфатив,
Дека најтажната песна се пее на нос,
Сфатив дека има нешто повеќе од тоа да ми е здодевно,
Сфатив дека 5-ка е сега даблдекер,
Сфатив дека пивото тера на мочање што е добро за бубрези,
Понекогаш помислувам, па зарем е толку едноставно
И се насмевнувам дека сфатив,
И му се клештам на животот неповратно загубен,
Не жалам, а сепак пазам да не го погазам,
Затоа што можеби и сфатив,
Овој пат не те вратив...

И мечтаам дека ќе те сретнам, до толку што мечтата станува сомнеж,
И сфаќам дека се плашам и продолжувам со мојот копнеж,
И доволно е ми велат, нема да се врати,
Им велам ќе сфати, не е битно дали ќе се врати,
Па зарем е малку милион пати,
Твојата кожа која никогаш не го сакаше сонцето,
Градите послани врз езерото, небаре сите бисери,
Одлучиле својот бунт да го кренат токму денес,
Но јас сепак сфатив,
Те сакам и не ни мораш да се вратиш...





1 comment:

  1. Jas bash vaka se osekam u momentov. Pak me pogodi u grudi da sibesh. Mnogu ubava pesna.

    ReplyDelete

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...