Француската компанија БИЦ (BIC:
www.bicworld.com), која во
сопствената голема производна и услужна палета нуди високо квалитетен училиштен
прибор за најмладите (дрвени боици, фломастери, моливи и гуми, пенкала во
најразлична боја...), донираше пакети производи на дечиња во неколку образовни
Институции. Акцијата за дарување е организирана во Институции за заштита на
децата: Посебните
основни училишта „Др.Златен Сремец“ и „Иднина“, Завод за згрижување, воспитување и образование на деца и младинци
„Ранка Милановиќ“ и Центарот за
рехабилитација- Скопје, како и во Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух
„Кочо Рацин“ во Битола, ПОУ „Климент Охридски“- Ново Село, ЗЗР „Бања Банско“ –
Струмица и ПОУ „Маца Овчарова“ - Велес.
Целта
на акцијата е да се подигне јавната свест за поддршка и помош на оваа група на
деца и младинци и да се потенцира нивната еднаквост во општеството. Со тоа,
компанијата сака да покаже дека без разлика на статусот на децата, тие имаат
еднаква инспирација, желба и мотив - како да се изразат преку цртање, боење и
пишување.
„Се
надеваме дека со употреба на нашите производи децата ќе бидат во уште поголема
можност за изразување на својата креативност преку изработка на цртежи и
пишување. Истовремено, веруваме дека оваа соработка нема да заврши сега, туку и
понатаму во координација со овие и други центри за образование, образовни
институции и училишта ќе организираме и други настани за дополнителна едукација
на нашите најмили“, изјавија од компанијата БИЦ (BIC).
ПС: Сакав да ве прашам нешто. Кога последен пат сте напишале писмо?
Спонзориран пост!
No comments:
Post a Comment