Блогираме.мк најпознатиот македонски агрегатор на блогови денес имаше многу причини за славје. Според последните информации на редакцијата на Аеродромски Сон, од денес нашата фолк дива Сања Барби се здоби со 25% од акциите на Блогираме.мк станувајќи трет сопственик по вредност во компанијата и прв Venture Capitalist од македонските познати личности.
Со тоа таа покажа уште еднаш дека ги следи светските трендови на познати личности кои инвестираат во нови стартап компании од ИТ индустријата, како Џастин Бибер, Ештон Качер, Боно од ЈуТу и ред други.
На краткото телефонско интервју @necovski кратко само изјави:
Неам појма шо ме прашуеш ептен сме пијани сите!!! Поздрав до вашите читатели...
Обидот да ја исконтактираме Сања Барби за жал заврши неуспешно затоа што дивата имаше настап во моментот кога пробавме да стапиме во контакт. Сепак поразговараме со наши познати експерти од ИТ секторот и коментарите одат во насока на поздравување на овој чекор и надеж дека трендот ќе продолжи и дека многу наши ѕвезди ќе го следат примерот.
Патем видовте дека прават и НАГРАДИ?
No comments:
Post a Comment