Бев сабајле на прес на Hewlett Packard на дел од производите со кои ќе почнат да се претставуваат на нашиот пазар преку нивната агенција кај нас.
Беше во истиот хотел кај што престојува Субрата и на влез двајца хичхајкери од Индија (ги познав по акцент, пошо сум флуид инглиш спикер нали овај) ме прашаа каде можеле да се прошетаат покрај реката, а ја бев забутан со тоа веспулето го врзував за една бандера сумљива кај кошаркарските терени и откако им покажав шо како каде се забив у лифт. Нормално прашав прво кај е Мезанин и пази тоа да ти било у лифтот стискаш на М.
И одма го најдов лифтот ексклузива левел Субрата:
Како и да е, пресот беше претставување на инк џет печатачи и мултифункционални уреди и на лап-топови (бачко) и на оној таблетот ако ви текиње видео што напраивме со Шокре. Ако не сте го погледнале ве охрабрувам тоа да го направите веднаш на овој линк.
Инаку еве инфо за падчето.
Заврши пресот што заврши и не испоштоваа ХП со фини поклончиња. Не ме натераа ништо да напишам, само си се фалам :)
Убав ден на сите и со среќа на ХП со новава палета.
No comments:
Post a Comment