2013-10-24

Слобода за Кежо?



Размислувајќи за темава малку ми беше тешко да изградам став. Генерално претпоставувам затоа што го гледав низ дневно политичката призма низ која се чини сме осудени да ги гледаме сите појави кај нас. 

Ставот од, па нека лежи кога нема во тоа главата и објавува ствари што загорзуваат живот на заштитен сведок и ослободува криминалци. 

Па преку дилемата дали доколку истото му се случи сега на Миленко или Јанко Јади Бурек или Латас истиве овие новинари што сега беа пред театарот ќе излезат да штрајкуваат за нивно ослободување?

Или преку она што ми даде делумно објаснување на работите, ДАТУМОТ. Доколку во моментот кога објавил Кежаровски заштитениот сведок не бил тоа (заштитен сведок), тогаш нема зашто да лежи и сето ова навистина е монтиран процес. Доколку сепак тоа го направил потоа, тогаш е сосема оправдана одлуката да се казни.

Мислам навистина е така нели? Епа не е така :)

Она што денес кажа еден странски правник сосема ја отфрли потребата да се бара датумот или пак дилемата дали? Едноставно задачата на новинарот е да прашува и да објавува - изјави тој. Одговорноста оваа информација да остане скриена и тајна е на одговорните лица од судот. 



Единствен кој би можел да сноси некаква одговорност во случајот е оној кој не си ја завршил работата, а тоа е одговорниот човек од судот кој требало да се погрижи заштитениот сведок да остане заштитен и неговиот идентитет скриен, за сите. 

Тоа навистина повторно отвора едно големо прашање што навистина се случи со овој процес? Истовремено јасно укажува на тоа дека веројатно Кежаровски во случајов е навистина жртвено јагне.

Кој е вашиот став?



3 comments:

  1. Настрана све...Анто Нобило е као врвен правен авторитет у светот и дури и без да е запознаен со случајот дава свои квалификации за делото и ние тоа треба да го прифатиме како апсолутна вистина. Мошне професионално нели?
    А и твојава реченица е исто јака "Истовремено ЈАСНО укажува на тоа дека ВЕРОЈАТНО Кежаровски во случајов е навистина жртвено јагне."
    И ти си печен за адвокат!

    ReplyDelete
    Replies
    1. Знаев дека ја утнав некаде во изборот на професија :) point taken!

      Што се однесува до другиот дел на твојот коментар ќе го кажам следново. Што е битно на крајот на краиштата кој го кажува доколку тоа што го кажува е вистина?

      Тебе не ти е логично дека ДРЖАВНИОТ службеник е должен да ги чува нашите тајни??? И сметаш дека тоа треба да го прави новинарот?

      Извини јас во такво општество не би сакал да живеам некако ми се измешани лончињата...

      И нормално повторно, батали лични дисквалификации, дечкото даде крајно легитимен аргумент кој очигледно не можеш да го побиеш и одиш на лична дисвалификација и дискредитација. Што и не е баш професионално нели? Или пак е? :)

      Delete

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...