Само неколку месеци после бравурозната идеја на нашите најистакнати твитер корисници да креираат јебен хаштаг #twitterdontyoufyrommesaymacedonia и веднаш по појавувањето на крајно десничарската фракција на истиот, наводно истите се одметнале од „стадото“ затоа што сметаат дека 2 карактери простор ќе се заштедело доколку се напише #twitterdontUfyrommesaymacedonia а тие 2 карактери како што предложиле сепаратистите би можело да се искористат за да се напише поубаво #окпозззз наместо само со две З како претходно.
И така само неколку месеци после оваа иницијатива Р. Македонија се наоѓа во ЕУ, граѓаните се пуни кеш, а Заев и #Ж се у иста партија и не идат више по кафиња, него со Али Ахмети на чај мешан со Скендер Бег шверцан од Пустец.
Баросо се уште не може да сфати што му се деси од еден јебен хаштаг и како и Ердоган го проколнува денот кога Твитер беше донесен на свет, наместо да биде абортирана идејата у сам старт како крајно опасна, бидејќи клавет слобода на размислување и зборување во тастатурите на луѓето.
Хорхе не изостави да им заблагодари на 1546-тиот самит на твитерџиите што ги решија сите јебени проблеми со реченицата:
Да си ебете векот, кај ви текна, без вас ништо не правевме. #свакачаС #twitterdontyoufyrommesaymacedonia
No comments:
Post a Comment