2013-07-02

Полошо и да сакаш не можеше!



Life is full of misery, loneliness, and suffering - and it's all over much too soon.

Бевме на некој панел дискусија во Бугарија... Панелистите беа одлични оратори од Бугарија, но нималку полоши не беа и нашите Борјан Јовановски и Роберто Беличанец. Тогаш го запознав. Иако панелист, повеќето од одговорите, ми беа едноставно се сложувам.

Фотографијата е од мојата приватна колекција и молам да не се презема.

Вечно ќе ги паметам нашите долги муабети таа февруарска ноќ, кога  низ цигарите на терасата и ситниот снег кој почна да паѓа, ги прераскажувавме бескрајниот број реплики од големиот филмски опус на Вуди Ален. 
Ени Хол, Бананас, Плеј ит аген Сем, Вуди беспоштедно не потсетуваше на сите апсурди со кои секојдневно се среќававме. Штета ни останаа уште толку многу за прераскажување.

Месеци потоа се сретнавме на Engage конференцијата, ние ја отворивме зборувајќи за Блогираме. Роберто беше некој 3-4 говорник, на паузата се сретнавме и само помнам му реков:

Кога си ти на ред?

После паузата има уште еден спикер, па потоа сум јас. Вие како поминавте?

Реков: Не сум премногу задоволен, можевме и подобро...

И како од пушка: Ти е гајле, па ти... рече... Полошо од она во Софија и да сакаш не може и се насмевна.

Ете таков беше, брз, луциден, саркастичен, непокорлив... Добар!

Му благодарам што и покрај оваа наша ненадејна разделба и толку брза, сепак ме научи дека тишината не е решение! 

Му благодарам што ја поддржуваше блогерската заедница и активно придонесуваше за неа и како блогер и како медиумски работник и како човек.

Видеото го видов на блогот vbb.mk во текстот посветен на Роберто.




Роберто ми беше чест и кратко, но огромно задоволство што те познавав.




No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...