2013-03-22

Нема да коментирам ништо!




Тони Михајловски - Денес се засрамив од уметноста и професијата!


Денес штрајкуваа уметниците?!? Повеќето беа техничари, хигиеничари и гардеробери и неколку неуспешни обиди за уметници. Вака пишува на својот Фејсбук профил, актерот Тони Михајловски, по денешните протести на дел од македонските уметници против опозицијата, а поврзани со носењето на буџетот за следната година.


- Јас мојот штрајк против СДСМ го почнав 1997 година (кога беа на власт) така што им дадов отказ. Имав дупло помала плата од чуварот во театарот. Доволно голема причина за мене. Штрајкувам сам 16 години. Како вмровец ми ја е..а мамата и Бранко а богами и Љубчо. Ме ампутираа од сите театри. Мене денес ми се случува тоа што некогаш им се случувало на вмровците во Југославија. Тоа што никогаш не му се случувало на месијата на Драмски театар. 

Денес се засрамив од уметноста, од професијата, од себе. Се чувствувам предаден, изигран, продаден. И емотивно ограбен – вели Михајловски.

На муабетот преку коментар се надоврзува актерката и директор на Театар комедија, Јелена Жугиќ.

- Ти благодарам колега, ако смеам така да те наречам, бидејќи одамна не сме биле партнери на сцена, а јас секоја вечер играм и ја обезбедувам платата за поголем дел од ансамблот. Некоја улога ми е добра, некоја подобра, ама не сум хигиеничар, како актер бев денес на протестот! 
Некогаш е полесно да се даде отказ, отколку да се остане на сцена и со сите сили да се трудиш да опстои македонскиот театар – вели Жугиќ.

Возвраќа и Тони Михајловски.

- Полесно е Јелена.. Мирно спијам без плата и без работа. Пари немам, за пари не се секирам.  Не знам кога следен пат ќе играм . Сигурен сум дека на вас ви е потешко. Слободата е скапа работа, Јелена – пишува Михајловски.

Извадок од документот таму некаде на 248 страна.



No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...