2013-02-19

Емисијата на Радио #ерадио со РадиоМОФ - Engage II



Абе не ви изглеа како во насловот многу пати РАДИО да пишува???


Како и да е, вчера имавме супер дружба со Були и Стеф од РадиоМОФ, жалам што заради технички проблеми ни падна братот од Немачко Дијаспората и што крчевме поголемиот дел од емисијата, но од моите скромни познавања увидов дека таму има едно кабелче кое јас го мрдкам и прави очигледно бедови на стримот... Како и да е, црнците кои работат на техниката рекоа дека нареден понеделник ќе средат...

Емисијата си траеше 2 саати ко увек, ама од она што можев да го ископам се склопија некои дваес и нешто минути, горе долу слушлива содржина :)

Темата е интересна се работи за Engage II зборнавме за панелистите, за работилниците, за говорниците, на сајтот има информации може да проверите. Зборнавме за кромид натпреварот кој е во тек и може да го гласате тука 

Договоривме банер да седи на Блогираме на РадиоМОФ, договоривме две карти за најбрзите твитерџии, иако не се пријави никој штета, ама може да се обидете се уште, мислам хаштагот дека е #цицки а може и да ги пингате @RadioMOF и да кажете слушај јас сум влијателен и сметам дека треба да идам на Engage II.





Ние од Блогираме ќе бидеме говорници така да тоа ќе биде нешто што не смее да го пропуштите, ќе има стрим за оние што нема да бидат во можност да стигнат на страната на РадиоМОФ, ќе има журка цела конференција, а вечерта со настапи на диџеи од РадиоМОФ на две локации ќе продолжи забавата до раните утрински часови... Јако еј отсекогаш сум сакал да го кажам ова :) Напишам де добро...

Ние се спремаме јако ко Блогираме така да оваа сабота 23.02.2013 12 саат почеток, би дер ор стеј тјунед... 




No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...