2012-12-21

Твитерџиите на протест



Влијателни, спамери и други твитерџии од државните институции денеска со протест го изразија незадоволството кон барањата на опозицијата за кратење на буџетот кои, како што велат, се насочени во најголем дел на изградбата на велелепни срања кои твитерџиите ќе можат на раат да си ги тролаат преку целата година.




- Тоа не се средства кои се трошат бесцелно, туку пари кои се инвестираат за директен развој на булшитот. Ние твитерџиите не заслужуваме да троламе монтажни бараки. Нашата публика не заслужува да следи твитови и хаштази за монтажни бараки, рече Соте, ВД директор на Македонскиот народен ТВИТЕР.

Тој посочи дека недонесувањето на буџетот не значи и неисплата, односно доцнење и кратење на платите на СОРОСОИДИТЕ и спречување на нивното функционирање и реализација на програмските активности, што значи тие пак ќе си тролаат, ама за глупости.

- Твитерџиите како и сите граѓани заслужуваат плати и нормални услови за работа. Затоа, ние јасно се противиме на ваквиот план, кој е на директна штета на твитерџиите, но и на културата во нашата држава. Твитерот е молитва за Македонија и огледало на нејзината душа, истакна Соте.

Нашите твитер институции, како што нагласи Соте, се чувари на јазикот, културата, традицијата и идентитетот на нашата земја.

- Немојте да барате во овој наш протест ниту бои, ниту симболи, ниту знамиња, ги нема. Сите наши симболи, знамиња и бои се нашата уметност која ја носиме во нашето срце, истакна Соте.


 
Директорот на Твитер театар Комедија од Скопје @VlatkoVasilj смета дека недонесувањето на буџетот ќе значи враќање на состојбата во која опстојувале твитерџиите пред 2006 година, кога немаше Твитер, работејќи во лоши услови, со ниски плати, бедни и понижени.
- Истите кои не држеа во беда, во услови кога твитерџиите во Твитер театар се разболуваа од туберкулоза поради лоши услови на работа, сега во Парламентот сакаат да не добиеме пристојни плати и прекрасни објекти за тролање, рече Васиљ.


Бројни твитерџии денес го изразија своето разочарување, протестот добива на се’ поголема масовност и тврдат дека тука нема да застанат. Во план им е да направат и дополнителни напори како хаштази и срања, секако протестот ќе биде прекинат викендов заради активностите кои им претстојат како твитер заедница по повод китењето на твитер елката!




No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...