Ќе може некако да почнеме од почеток?
Ти ќе влезеш во собата ќе ме погледнеш со твојот изненаден вел кој сосем случајно ќе забележам дека ги собира парчињата душа останати на подот.
Ќе ти речам поткрени го...
Со еден потег ќе го преметнеш преку истото она рамо, на кое не ќе се сеќавам дека ноќите ги правеше да бидат мирни и спокојни. Ќе се обвиеш целата со мојата душа, како да е првпат...
Ќе се напиеш вино?
Ќе имам трема, нема да знам дали да станам и да ти го отстапам своето место од ненаместениот кревет, ќе се насмевнеш и со едно трепкање на очите ќе ме успокоиш.
Ма не паничи будалче, ионака дојдов да си ги земам работите и да ти кажам ЗБОГУМ...
И насмевката која ќе ја препознаам од своите сништа ќе остане да ме потсетува уште долго во ноќта дека никогаш не се сретнaвме...
No comments:
Post a Comment