Не драга ова не е пост за љубовта,
Ова не е ни обид за да биде пост, а камо ли за љубовта,
Ова е уште едно клише, уште неколку несреќно избрани зборови,
Ова не е Новел Вог, нити песната која не е за љубовта,
Ова не е дождлив ден, ова не е поет, нити писател, а уште помалку човек...
Ова е како изгледа заборавот, ова е она што останува после воздишката,
Не, не е каење, тука ионака одамна веќе нема никој нити да се покае.
Ова е едно од оние збогувања со случаен сопатник во воз,
Ветувањата дека ќе се видите на кафе,
Ова е како звучи Скопје на -15
Ова е слободна за во автобус,
реплика од филм што се дава на неуспешните актери,
Ова е коса на патец, препознавање во диско,
Ова е молкот кој останува кога ќе кажеш сѐ,
Раце во џеб, скинат чевел и недостаток на калциум,
гризење нокти и секое броење на жмурка дури останатите се кријат!
Ова е дупната гума на кола!
Но ова никако не е пост за љубовта,
зашто едноставно не остана кој да го напише.
No comments:
Post a Comment