2012-10-30

Малиот Христијан 10 месеци се бори за живот - од моментот кога е роден




Оние кои сакаат да помогнат може да донираат на броевите. 075 143 777, 077 143 778 И на жиро сметка 2107000006012-45 Донација за Христијан Тодоровски. (обновено во 14.50)
Иконата на светецот Димитрија десет месеци е чувар на Христијан. Малиот борец со огромна волја за живот од самото раѓање е сместен во клиниката за детски болести.

Ја има судбината, никој да не може да утврди од што боледува. Родителите се молат и на Бога и на надлежните во фондот за здравство да дозволат бебето да замине во Хамбург- Германија и да се утврди од што точно е болен Христијан.

„Се сомнева на хистеоситоза, но според симптомите може да биде некој вид од оваа болест или уште поредок вид на болест. Според директорката на клиниката неговите симптоми наликуваат на болест што може да се во десетте најретки болести“, вели Драган Тодоровски, татко на Христијан.

Во болницата во Словенија не можеле да ја утврдат точната дијагноза, веста од специјалистите била најдобра клиника за ретки болести е во Хамбург Германија.

Сега се чека на Фондот за здравствено осигурување. Второстепената треба да реши дали Христијан ќе замине. Барањето се уште е во постапка, информираат од фондот.

„Го прашувам јавно министерот како да имаме уште деца кога јас нема да ја дознам болеста што сега ја има син ми“, прашува Тодоровски.

Најголема поддршка семејството има од клиниката за детски болести, иако тука детето само се одржува во живот. Директорката на клиниката и член на комисијата во фондот вели дека нема цена за детскиот живот.

„Мора да се направи последниот напор и да се прати во релевантна болница, која е единствена во Европа за ретки болести“, вели Аспазија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести.

Целото лечење ќе чини 350 илјади евра. Доколку фондот одобри ќе покрие 80 проценти од сумата, останатото ќе треба семејството само да плати. Оние кои сакаат да помогнат може да донираат на броевите:

075/143-777, 077/143-778

И на жиро сметка 2107000006012-45, Тутунска банка Донација за Христијан Тодоровски.



Броеви за донација:

ONE 075 143 777 100den. +18%ДДВ
VIP 077 143 778 100den. +18%ДДВ
T-MOBILE 070143173 100den.+18%ДДВ
Жиро сметка НЛБ Тутунска банка
Donacija za Hristijan Todorovski
2107000006012-45

За лица од странски земји кои сакаат да помогнат:

NAME:HRISTIJAN TODOROVSKI
IBAN: MK07210501660777595
Bank Details: NLB TUTUNSKA BANKA AD SKOPJE
Bank Address: Vodnjanska Br1
Country: MACEDONIA
SWIFT: TUTNMK22 


Христијан секој ден го живее како последен.

Мирјана Мирчевска Јовановиќ




2 comments:

  1. Има број и од Т-Мобиле и сметка за дијаспората, предлагам да се вметнат во текстот:

    Broj za donacii
    ONE 075 143 777 100den. +18%DDV
    VIP 077 143 778 100den. +18%DDV
    T-MOBILE 070143173 100den.+18%DDV
    i ziro smetka vo Tutunska Banka
    Donacija za Hristijan Todorovski
    2107000006012-45

    ZA lica od stranski zemji sto sakaat da pomognat
    NAME:HRISTIJAN TODOROVSKI
    IBAN: MK07210501660777595
    Bank Details: NLB TUTUNSKA BANKA AD SKOPJE
    Bank Address: Vodnjanska Br1
    Country: MACEDONIA
    SWIFT: TUTNMK22

    ReplyDelete
    Replies
    1. Ажурирано... Ти благодарам за сугестијата!!!

      Delete

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...