2012-10-06

Разводнета технологија



Еднаш порано ви раскажав за татко ми и технологијата. Се е супер, арно ама чоекот има некоја опсесија кон технологијата и отсекогаш ја обожувал. Памтам исто уште во 85' коа купи музички систем Шнајдер од Немачка што меѓу другото имаше и ЦД плеер... Гости кога ќе дојдеа кај мене пред да демонстрира дека тоа чудото од тркалце може да репродуцира звук ќе застанеше од едниот крај на собата и ќе го фрлеше како фризби низ собата... Зачудените луѓе гледаа и си викаа што по ѓаволите му е на човеков? За потоа гордо како Грујо коа ја одбрани интерфелацијата да прочекори до системот го стави ЦД-то и пушти плеј... Првото Цд верувале или не беше Брајан Фери... Зачудените гости потоа громогласно ќе дадеа аплауз дури Брајан ќе поченеше да урла низ 50 ватните звучки дека е Слуга на љубовта!!!



Никогаш не разбрав зашто од Германија донесе баш ЦД од Брајан Фери, музички систем и порно филм со кловн... Како и да е, резултатот е видлив и денес. Емотивно осакатено детенце кое прерасна во социопатско растревожена персона без некои големи амбиции да прерасне нити во сексуален манијак, нити пак да се оправи во „нормално“ социјално прифатено биче. Но налет за мене и налет ако за ова се' е крив Брајан Фери и тој порно глумецот облечен ко кловн.

Битно дека сакав да ја видам многу на Медо апликацијата за блогираме и некако се дочепав до Андроид телефонче и ми остана ајфонот слободен и почна да галами стариот низ дома дека него му требал телефонот за кога одел надвор да го гледале луѓето. И ми требаше еден ден два да префрлам стварите од еден на друг телефон, а при тоа му викав не може не може и денес доаѓам дома гледам ајфонот оставен повторно кај мене во соба. Се запрашав баш што е работа и влегува мајка ми во соба и ми вика... Абе татко ти е скаран дека си му го дал телефонот и рече:

Е СЕГА ВАКОВ НЕ МИ ТРЕБА НИ МЕНЕ СО ВОДА!!!

Понатаму нема да коментирам само ќе ви ја покажам сликата. 


Убава бела ноќ на сите и најубав помин :)




1 comment:

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...