2012-09-04

AerodromskiSon се продава!




По долго размислување , редакцијата и издавачот на интернет порталот и новинската агенција, блогот и што ти уште не AerodromskiSon ,објавуваат оглас за продажба на интернет весникот, порталот, блогот (или ти скратено срањето).




Почетната цена изнесува 100.000 Евра плус ДДВ  во денарска противредност , по среден курс на НБМ. Пошо Ohridsky e 557 на Алекса, а ние (читај ја) сме 1290 место на истата значи сме дупло поТАПА  и после уште подолго размислување ја лупнавме ценава. Значи би спуштиле и до кај 80.000 и може и без ДДВ, али за тие ствари не на контакт формата и по мобилен, него ќе се видиме ќе позборуваме.

Заинтересираните правани (WTF???) и приватни лица мораат да ги исполнат следните услови:

1. 1 Да СЕ води кривична постапка против купувачот за злосторничо здружување и да има забрана за вршење на СЕКАКВА дејност.
2. 2. Понудите да се испратат по емаил на контакт адресата на срањето или на твитер пишете не е фрка!
3. 3. Понудувачите задолжително мораат да истакнат повисока цена од почетната , која не смее да биде помала од 5% мислам, чисто нека понудат сеа да не биде без ич сме го дале!
4. 4. Сите заинтересирани имаат раВноправен третман (осим оние што ќе понудат повеќе и плавуши со големи гради каде попустот се спушта до нивото на дубина која го достигнува нивното деколте при преговорите).
5. 5. Купувачот е должен да ги задржи рекламите кои се поставени на порталот се до нивниот истек согласно договорите кој (намерно го остаам, пошо така требиТ нели)  ќе му бидат дадени на увид.
6. 6. Сите понудувачи се должни да достават Банкова гаранција во висина од 5% , во оригинал, во спротивно понудата нема да се разгледува. (ова не мора, али мора да го пишеме)
7. 7. Избраниот купувач е должен понудениот износ да го уплати на жиросметка (слеано нели) на издавачот најкасно во рок од 3 (три) дена од денот кога ќе биде избран , и известен (доколку тоа се случи во различен ден, тогаш се зема денот кога е избран и иако не биде известен, ќе се пресметува затезна камата на долгот, мислам кој те ебе бе брат!!!!)
8. 8. Право на учество имаат и физички и правни лица кој не се предмет на лустрација
9. 9. Порталот се продава како Бренд , без новинарска екипа (ЈА НЕ СУМ ЗА ПРОДАЖБА ПИЧКИЦИ)

Сите понуди да бидат пратени на контакт на срањето

Скопје 01-09-2012                                                                      За Издавачот: ДеГЕновски Градба ДООЕЛ






3 comments:

  1. Првион услов за злосторничко здружување ти е толку реален, што ќе ти се јават и Орце Камчев и Сашо Дамовски и Велија Рамковски и Срѓан Керим...
    Ќе мора аукција као за полициските коли да праиш!

    ReplyDelete
  2. Морав да поставам високи стандарди чисто за висок калибар бизнисмени да ми се пријавуваат! :)

    ReplyDelete
  3. Висок калибар > стиховен калибар

    ReplyDelete

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...