2012-07-26

Инстаграмот и ја





Светот станува се посурово и посурово место од ден на ден и сигурно не требаше апликацијата Instagram за да ме потсети и освести за ова. Мислам слободни сте да го користите Инстаграм до илјада и една и назад, но ве молам наредниот пат кога ќе ставите сеФија филтер од еспресото во Паралија да размислите за следново: Каков свет сакаме да направиме? Свет на инклузија, свет во кој технологијата ќе не обединува и ќе ни го прави животот поубав и полесен за сите или свет во кој технологијата ќе биде привилегија на неколку избрани, по било која ебана основа сакате (пари, раса, религија, сталеж, националност што и да е)?

Тука правам дистинкција и меѓу останатите социјални мрежи пред се Твитер, па дури и Фејсбук. За нив имаме и веб апликација и мобилна верзија и мобилни апликации и десктоп апликации и секој на светов може да биде дел од нив, дури и ако нема компјутер, дури и ако нема смартфон.  Нормално доколку сака да ги дели своите податоци кај Фејсбук и сетете се колкава расправа се водеше за тоа!




Е кај Инстаграм драги мои, тоа не е возможно, ако немаш смартфон на iOS или Android. И сега што има лошо во тоа? Ништо де, моеш да гледаш туѓи слики, моеш да следиш луѓе, моеш да лајкаш #цицки, ама ако немаш ајфон СКАПИ немоеш твоите да ги аплоудуваш. Тоа е право на „избрани“ неколку кои се „ерли адоптери“ или ти трендсетери или пак едноставно луѓе што биле во можност да купат скап телефон.

И ако е тоа тотално кул со тебе, тогаш ок, јеби га, остани поинаков J

(И доколку се сеќавам добро во раните фази, имаше опција преку веб да се лоуда слика, но таа опција веќе не постои – ја тргнале мислам)

Што се однесува на корпорациската одлука на ОНЕ од аспект преку ова да поддржат користење на смартфони, тотално ја поддржувам! Но, од друга страна, нека се обидат тоа да го направат така што ќе го вклучат во своите бесплатни пакети и понуди, наместо да си прават евтина кампања каде чајот што се испил за пресот е најголема ставка во буџетот. Исто така браво и за храброста што се поттикнува користењето интернет преку мобилен и „data driven бизнис моделот и покрај традиционалната наклонетост на телекомите кон разговорите и СМС-ите.
Сепак тоа нека си одлучи пазарот, тие сметам дека се ок компанија и дека ќе излезат во пресрет на своите корисници.

Само не копчам зашто, ете мора преку Инстаграм, што толку е тапа TwitPic или било кој друг сервис за размена на слики? Вака ако гледаме, наредно очекувам натпревар на фотки исклучиво сликани од Hasselblad H4D-60. А ми текнува порано дека зборувавме за концепти!

И дај боже да дојде денот кога сите ќе имаме смартфон и ќе биде нормална работа, сепак реалноста во моментов е сосема поинаква. Изнафрлав многу работи и дилеми знам, но едноставно ми останува чувството дека со секое постирање на Инстаграм фотка едноставно не учествувам во наредната технолошка револуција и сега за сега не може да ја видам поинаквата „корисност“ на апликацијата освен иам смартфон и сум покул од тебе.

А тоа не ни беше целта кога го градевме глобалното село... Нели?!




7 comments:

  1. Ти си брат комплетен дебил! И ништо не си разбрал...

    ReplyDelete
  2. Ебаго, пак истиот "елитизам" и реторика. Ти си глуп и дебил јас знам. Еве појасни, отворени се коментарите појасни објасни елаборирај.

    ReplyDelete
  3. Vsusnost, razbral mnogu povekje od nas, wannabe fotografite, debilizmot da im go ostavime na efektite ;)

    ReplyDelete
  4. Ха, Инстаграмџија бе. Као Камијонџија, само пофраерски. Дебата со анонимуси е као дебатирање на изложба со слеп човек.

    ReplyDelete
  5. Луѓето себеси се сфаќаат премногу сериозно,и имаат потреба од се да направаат a thing,заедница,клуб и слично. Case in point е instameet збирањето што следам како се одвива денес на Твитер.Која е поентата?

    ReplyDelete
  6. Интересна тема си зафатил - дали технологијата не зближува или не разделува. Но, мислам дека инстаграм е најмалиот проблем во таа прикаска.

    Едната димензија е дека инстаграм е апликација која обични и просечни фотографии МОЖЕ да ги направи да изгледаат подобро/поинтересно. А секој сака да сликне и покаже нешто убаво нели.

    Втората димензија е што од самиот старт им успеа да изградат богато "артистичко" друштво од бројни професионални фотографи, уметници, дизајнери, аматери и луѓе кои едноставно имаат "око за фотографирање" кои произведуваа квалитетна содржина. А луѓето по дефиниција сакаат да бидат дел од нешто кул :) Интересен беше моментот што овие останатите се трудеа да бидат што подобри и добијат "recognition" од овие првите:)

    Пример јас никогаш во животот не сум бил нешто посебно заинтересиран за фотографија. Мислам, многу сакам убава фотографија, но одсекогаш мислев дека ич не ме бидува за фотографирање (веројатно и сега не сум ништо посебно), но коа почнав да ставам слики на инстаграм, почнав да добивам лајкови, коментари.. некако се охрабрив и ме поттикна да се трудам да бидам што подобар. Дефинитивно ме заинтересира за фотографија и целиот тој свет.

    Она што го направи инстаграм е мала демократизација на фотографијата, т.е. дека релативно секој може да фотографира колку-толку убави/интересни фотографии макар и со помош на филтри.

    Денес, мобилната фотографија веќе станува начин за инстант визуелна комуникација, а инстаграм изгледа се постави како одлична алатка за тоа.

    Точно е дека постои дискриминација кон корисниците што немаат ајфон/андроид, но да кажеш дека мора да се има скап телефон сепак не држи. Имаш еден куп ефтини андроид телефони на кои без проблем можеш да користиш инстаграм.

    Зошто мора инстаграм? Веројатно затоа што со 80мил. корисници станува мејнстрим и е популарно во моментов. Утре ќе биде нешто друго, задутре нешто трето. Баш како што кажа Мартин, едноставно луѓето имаат потреба да се групираат околу нешто интересно.

    И не мора толку сериозно да ја сфаќаш целата работа околу инстаграм. Едноставна апликација која на многу луѓе им прави ќеф. Ништо повеќе. Мислам зошто користиме десетици други апликации и сервиси од кои немаме никаков друг бенефит освен ќеф и моментот дека ни е интересно.

    Баш читам Мартин бара поента во instameet. Нема поента. Едноставно се собираат пар луѓе кои сакаат инстаграм да се дружат, разменат мислења, испијат по некое пиво, и сликаат по некоја фотографија во зоолошка. Истата причина поради која се собираме на tweetup, Скопје на точак, foursquareup, итн. Едноставно да се дружиме и да си поминеме убаво. И не верувам дека некој ќе имаше против ако дојдеше и сликаше со twitpic, напротив баш ќе беше интересно и ќе си попраевме муабет на темава :)

    Технологијата, апликациите, сервисите се само "медиум". Луѓето се тие што ја прават суштината:)

    Поздрав, и сега дужиш ти пиво пошто не дојде ;)

    ReplyDelete
  7. Два дена се мислам што да ти одговорам на муабетов :)

    Добар ти е оној аргумент дека ја демократизира фотографијата. Видов прочитав неколку коментари дека алудирам на тоа дека Инстаграм е за богати и тн. Сепак да се разбереме, добар фотоапарат дигиталец е поскап од било кој смартфон и од тој аспект дефинитивно дури и држи аргументот дека на некој начин ја демократизира фотографијата.
    Е сега дали е тоа добро или лошо од аспект на фотографите е башка муабет.

    Сепак не би и дал таква ексклузива на оваа апликација дека е единствено заслужна или повеќе или пак помалку од било кој сервис и аппликација претходно за таа демократизација.

    Како и да е и без тоа дужев пиво, ама сеа па ептен за муабетов.

    П.С. Еј и ова сакав да кажам (прашам), дружење на твитераши имало примери на луѓе што доаѓале што не се твитераши, на блогери што не се блогери, на љубители на стари автомобили моеш да отидеш да ги гледаш автомобилите, дури и на јахташи може да се качиш на некоја палуба и да го осетиш филмот позади кормилото. Кажи ми што ќе праиш на Инстамит без смартфон? :)

    Ќе ги учиш од дома на памет сликите?

    Или ќе доеш со фотоапарат, лап топ, кабелче и УСБ приклучок и Ајтјунс инсталиран за оние со ајфон и кабелче за ајфон и ќе сликаш, ќе сликаш, па ќе седнете, ќе ги пребациш фотките на лаптоп, па ќе дое некој со телефон, па ќе ги пребаците кај него и тогаш тој ќе ти креира профил и ќе ти ги лоуда сликите и така ти ќе имаш профил со фотки. Ова полесно претпоставувам би одело ако има вифи, пошо се рипа чекор 17, 18,19, 20, 21 и 22 со тоа што ти ги праќа по меил директно на моб.

    Соте :)

    ReplyDelete

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...