2012-06-10

Кузман и морските ежиња



Кузман беше скромно, но тајновито и да не речам по малку луцидно момче. Го познавав цел живот. Тоа лето раскажуваше како ги шетал сокачињата на Сохо каде фотографирал прекрасни ноќни дами со куриња, зборувал македонски со белосветските банкари и им продавал балкански сарказам на тамошните богаташи. Беше малку нападен на моменти, но доста смешен. Не му беше проблем да најде пријатели, само да ги задржи. Исто и со врските, лесно се заљубуваше, но никако не можеше да се посвети долгорочно, како што велат познавачите, да се приврзе. А, не беше многу млад, само младолик. Не ни беше многу висок, само натпросечен. Имаше онакво правилно долго и симетрично лице со остри црти, не многу мало носе, густа брада, уши што добро слушаат и едни зелено-жолто-сивкасти очи припиени во толку многу карактеристичните дупки, што изгледаше како веѓите и челото над нив да се некоја стреа, која им држела сенка низ годините и со тоа придонела да добијат таква неприродна боја. Кузман ја имаше таа среќа да го дарува природата со голем кур. Не како оние чудовиштана заслужни за светската слава на порно ѕвездите, туку таман толку голем за да му биде поголем од другите, а да не повредува.

Ми раскажуваше во доверба како добил покана да замине на море со стариот рибар и готвачката. Беше многу искрен, навлегуваше до најситни детали кои сега нема да ги споделам, но доволно е да кажам дека немаше потреба да не му верувам. Кажуваше дека иако веќе доаѓале првите есенски дождови, ја прифатил поканата без размислување. „Таква шанса не се пропушта“, ми рече, „знаев дека ќе падне добра смеа со стариот рибар и добра лапачка со готвачката. Сакав да одморам и да се наспијам, да фатам малку боичка, да прочитам некој глуп роман и да се вратам дома како нов. Ни на крај памет дека ќе ми се случи беља.“ Така и почнало, со мезе и ракија, со салата и риба на скара, сармички и домашен леб. Потоа плажа и пиво на божествениот залив покриен со ситен песок во златна боја. „Животот може да биде совршен“, си мислел гласно. Комплетно се заборавил, можеби заспал можеби се уште бил буден, веќе не било битно. Тука веќе стана конфузен, го заврти погледот кон хоризонтот и продолжи во тој негов загубен стил што толку привлекуваше.

Во аголот од окото му се појавила матна слика за која ниту во еден момент не се посомневал дека е реалност: две морски ежиња преправени во убавици излегувале од морето и се приближувале кон него додека капките солена вода им се слевале по вајаните тела и притоа добивале некој чуден сјај. Не можел убаво да им ги види ликовите, а следниот момент веќе се било стемнило и најверојатно доцна забележал дека одеднаш се нашол во дрвена арка. Ниту голема ниту мала, но во различни бои и спремна да ги собере сите животни на светот. Шарена арка, насмевки и зборови, испреплетени зборови, некои чудни погледи, многу течности, неодоливи раце кои го допирале, му шепотеле и го галеле. Помнеше дека нешто зборувал ама не кажа што, било толку многу битно што веднаш му се дигнал. Не ни ја довршил реченицата, а таа веќе била врз него припивајќи се како пијавица со меѓуножјето. Се ебеле страсно и долго, имала врела пичка која тој ја викаше куросмукалка, едвај издржал да не заплаче, до толку му било убаво што го употреби изразот „водевме љубов“. Следниот ден веќе ништо не било исто.

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...