Да трчав како што си ветив цела година и да не ја вратев онаа проклета навика на пушење цигари сега ќе бев барем меѓу првите 10, море ако не и првите 5.
Прв не ми се верува, го виде ли оној натпреварувач од Косово пред 3 години дека истрча некаде околу 16 минути, па по ѓаволите тоа е 3 минути по километар. Не не, па тоа е лудо.
Се’ околу 20 минути ќе беше извонреден резултат, а сега? Сега ќе се мачам да дотрчам, но добро е барем уште во старт што ги поминав оние здодевни пријатели на братучетка ми. Не ми се верува дека се дружат наназад 15 години, потполно истите луѓе, испреплетени како црева меѓу себе.
Весна му беше прва љубов на Миро, кој пак сега оди со Викторија, која ја донесе својата најдобра другарка Верче и така станаа и тие дел од „племето“. И по ѓаволите што им е таа опсесија со девојки чие име почнува на В. Можеби е од носталгија за она место каде купуваа сендвичи В.
Поминав пред некој ден изградиле извонредно убава зграда со бутик за венчаници на приземјето. Зарем е можно истиот кувар што ни плескаше плескавици дури ние игравме пинбал да гаел афинитети кон креирање на венчани фустани и по рушењето на неговата куќа конечно да си го оствари сонот? Не не, па тоа е лудо.
Колку само се нервирав кога ќе дојдеше братучетка ми и како постара ќе ме исштипеше по образите пред целата сендвичара, можеби и затоа го мразам тоа нејзино „племе“ од пријатели со чудна навика да ги другаруваат исклучиво девојките чие име започнува на В.
Боже колку глупа помисла, не ми се верува дека се досега што размислував беше погрешно, па братучетка ми се викаше Тина. Отиде по ѓаволите уште една моја теорија.
Ете повторно исто како онаа дека часовникот треба да биде поместен неколку часа понапред за да го искористуваме поголемиот дел од денот во работење, а не во спиење. И замисли да се стемнува во 22-23 часот како во Франција. Тогаш и ние ќе бидеме богати како нив, бидејќи ќе имаме време за се’.
Време по ѓаволите, па јас трчам, целиот се занесов. Колку прекрасно будење со песнава, Илузија од Д Џон, боже колку ја сакам!
И аман што ми е со концептов или велам по ѓаволите или боже, на моменти се чувствувам како Венко да ми ејакулирал директно во хипоталамус.
Налет, да видам колку време е поминато. Значи првата песна ми беше 4:12, потоа 3:48, третата оној транс што ми даде сила токму да ги претркам здодевните трае точно 8 минути, значи 16, »Take my breath away« трае 4 минути, Илузија некаде накај 3, значи ќе финиширам со Ние сме од Скопје. Колку супер. Но сепак да побрзам.
Упс што е ова плаво прекрасно суштество!
Мора да ја стигнам, морам!
„Ако можеш да си замислиш, можеш и да оствариш“ – си замислив дека ќе те стигнам и те стигнав и еве не трчаме паралелно, колку супер, колку кул. Еј ми се насмевна, па дали е ова илузија? Еј чекај застани каде одиш, чекај ме! Проклетство колку брзо ме претрча, сигурно ги чувала силите за крај или пак ја одбив со моето грозно и нападно однесување, па се надмина себеси само да се држи понастрана од трол како мене.
Па каков си ти човек кога и на маратон флертуваш? Маратон смешно, па зарем 5 километри се маратон?
Еве го ова грозно здание кое наводно одозгора ќе имало и хелиодром. Како демек има македонец со хелихоптер, па ќе слетува некој таму. Или пак Шеикот од Брунеи ќе дојде и ќе слета, баш во Скопје, баш на Плоштад директно пред Чичко Стоилко да си купи еден сендвич бидејќи никој веќе не ги прави такви откако се затвори В.
26 минути и 41 секунда а? Па не е лошо, со оглед на болеста, слабите тренинзи и ужасната навика на пушење цигари. Кога ја додадов на фејсбук уште попладнето и и’ реков дека наредниот пат е моја.
Само ми рече: Ако има нареден пат!
1,2,3,4 ние сме од Скопје!
у гз да ме ...иш ако разбраф нешо!
ReplyDeleteсо цел ризик да испаднам педер(ка), ќе речам - имаше шарм во претходниот недостаток на нови редови, баш беше форестгамповски. а пак да го испратиш од мобилен?:)
ReplyDelete