Ебано доцневме... Уствари како и стално... Со телефоните во рака сред Куршумли Ан се чудевме кој курац ебаната проекција не почнува. Имаше една откачена девојка, знаеш една од оние со хипстерски цвикери што викаше од горниот спрат на еден клапчо еден од оние торковци што израснале не по нивна желба накај 2 метра дури гнетеле чипсови гледајќи странски телевизии и виселе на интернет и упорно се облекуваат со сомотски панталони со чебови дури и во лето!
Ебано ме иритираше зошто му фрлаше некои ливчиња од горе, а тролов бутајќи ги столчињата кои беа претходно наредени за проекциите трчаше како да ќе ја фати нејзината невиност. Мада ако ме прашаш мене, на таква пичка можда и не вреди да трошиш време, увек ќе ти најде причина да прајте муабет или да пушите џокла или да го посетите пријателот на пријателката или е несреќна ради што му е годишнина на дента коа фатил запек Френк Запа и после 3 месеци ќе си каеш ма носете се у курац вибам тоа мртвите. Мада налет можеби и беше моја фрустрација, можеби и момакот стварно беше торко, а можеби и беше една прекрасна игра на некои двајца кои можеби и немаа попаметна работа освен да си играат. Сепак доцневме!!!
Од друга страна си мислев баш дека беше премногу ебено светло да се одржува тука проекцијата! Гоки ко по обичај во телефонот со голем ебен екран пробуеше да најде одговор за оваа наша недоумица, а јас гњавев на твитер како ебано е жешко и светло.
Еурека, не е тука, туку во ДТЦ. Кој им е курац тоа ДТЦ јеботе! По некоја чудна логика заклучивме дека е тоа Детскиот Куклен Театар, она на Рекорд ти текнуе, впрочем се' се сложуваше нели ДКТ е тука некаде со ДТЦ јеботе...
И ете не нас со на Гоки џипиесот низ Стара Чаршија хараме и ја итам накај веспата, кога одеднаш Гоки вика:
Брат абе ова тука е некаде на 20 метри од нас!
Абе викам да не е тоа едно место еднаш сум им бил на концерт на Дени Те Чува мислам или беа Мугер Фугер или па заедно... Вика Гоки ваљда е тоа, пошо и јас сум бил, ама кај беше ебем му матер...
Не видоа едни дечки изгубени ко битолчани у сред Чаршија и викаат дечки, па еве го позади вас. И каква магија одеднаш... Влегуваме и мртва темница, не се гледа прст пред око, само еден тунел води накај проекционото платно, ваљда ко и у секое ебено кино нели. Сепак да биде моментот магичен од внатре трешти Дени Те Чува додека на екран го гледаме Дуле како раскажуе некоја прича.
Избезумени без да изречеме ниту збор му влеговме на филмот уште веднаш!!!
Филмот Дуле раскажува, дромец, музика у позадина... Факин дежа ву... И дени те чува...
Дуле го знаеме од маало, сме плешеле баскет. Дуле е од Аеродром и Дуле има на грбот истетовирано NO REGRETS. Дуле навистина така го живее животот. И Дуле е уште една добра скопска прича која режисерот одлично ја раскажал.
Она што јас ќе се потрудам е да го убедам да го пушти онлајн видеото и да го погледнете сите. До тогаш курац јеби га ќе треба да ми верувате... Исто ко Гоки што треба да ми верува дека го носам само на кул настани.
Еј да Македокс и правете бре поголеми паузи меѓу фимовите да може да се дружиме и ја и Гоки со филмаџии... И да пивнеме нормално на раат без некој да ти се лути дека му шеташ у сред проекција.
No comments:
Post a Comment