2012-01-31

Титит






Видете го прво видеото да знаете за што се работи!

АЕК дај бе земете нешто работете, уствари најбоље ништо не правете, пошто навистина боље ни беше без вас. Не памтам некој случај да сте решиле, а дека сврхата ви е туризмот да го помагате е навистина новост за мене.

Но да почнеме од почеток од оваа ваша генијална идеја, драги АЕК-овци... Зашто бе латиница? а?а? А? Или тест фаза е ова? Шо праиме со оние шо немаат подесено поддршка? Странци ќе знаете кои се? Нив на кој јазик ќе им пишувате? Да не биде градов пун збунети странци што шетаат со мобилните екскјузми уат даз дис месиџ минз? Аба варум дас шаизе телефонише оператор ласе мир дас идиотише СМС. Их хабе кајне идее. Јао ови македонци што су слатки види какву су ми порукицу послали. Хеј че фач, инцелеџ чева че скрие аич сау ну? Еу ну инцелег нимик.


Ај малку за контекстот на брилијантната СМС-ка што сте ја пратиле до новинарката од Сител. Што кажува:

Skopskata tvrdina Kale, smestena
na visokiot rid Gradiste, e izgradena
vo vizantisko vreme i bila od stratesko
znacenje za gradot so vekovi.

Пушиш џоинт и ти стига вакво срање некое и одма те подзамислуе, знаеш она живот, релативитет, Византија, Градиште ти текнуе на трета плажа одма ѕемѕање журкици ово оно и се вртиш го глеаш Јустинијан и уште толку збунка. И викаш налет и хаге и СМС и све!

Се симињаш идеш под Воинот на коњ и ти стига СМС кој бил воинот. Тивко да не не чуе Грција ти стига онака СМС и ти вика ова е Александар Македонски и смајли на крај :)

Си ги дупиме како сакаме...НЕОФИЦИЈАЛНО

Продужуеш накај Портата и ти стига СМС:

Ova e Porta, izgradena e vo barokno vreme i e od nikakvo znacenje za gradot.
P.S. ima konferenciska sala, moze da se koristi i za mini svadbi! (и бројче некое)

Уствари коа ќе стигнеш на Плоштадот ќе ти ебат матер од СМС, ќе те заредат едно 30-40 СМС... Нема да моеш работа да си потераш.

Е накај нас ако тргнеш у насеље тука веќе ќе биде јакото. Како возиш со кола по широкиот ни булевар ќе ти се редат СМС-ки титит титит титит параклис 1, параклис 2, фонтана 14... МЗТ салата (пошто Т-мобиле) им е спонзор сеа со болд има да ги праќаат тие.

Како и да е, ме интересира баш овој проект како ќе биде, мене ми мириса на #mkfail ама да не прејудицирам (многу ми е јак зборов, многу).




6 comments:

  1. Подржано, одобрено спамирање во никој случај не може да биде добра работа.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Абе на една обука бев (гарант некој од Владава бил исто) за примена на овие системи, СМС и ГПС мобајл стаф и имаше потполно ист проект за ми се чини Финска некои острови дека имала и за да не изнајмуваш сега некој водич да имаш таков виртуелен водич. Само што јас и тогаш опонирав и не контав во време на апликации, зашто би се генерирало сообраќај без потреба преку СМС. Ионака може да иде преку веб тоа, преку апликација, најдобро е да се инвестира да се направи такво нешто. И замисли ги можностите кои би биле: може да се рекреира во 3Д како изгледало нештото, видеа едукативни, интерактивни ствари и тн.
      Она што ми рекоа и тогаш дека се уште е доминантен СМС принципот на комуницирање и мислам дека само таа услуга чини 60% од целокупен трафик на еден оператор. Јас сепак мислам дека е боље во тој правец да се размислува и да се направи нешто, отколку ова, но нејсе.

      Да видиме каква ќе биде реализацијата, можеби ќе успеат да го направат да биде навистина интересно. Не знам лет ас билив :)

      Delete
  2. Ах вие опозициони подлизурковци и неранимајковци, само да се потсмевате! Па нели гледате дека тоа не е некој си АЕК него лично и персонално Госпот Бок?! Откако ви ги запалија сите цркви, реши од прва рака да комуницира со вас и да ви биде патоказ во животот директно, а не преку посредник како до сега.

    ReplyDelete
    Replies
    1. И тоа не за таму 5 денари + ДДВ туку бесплатно... Па кај го има тоа бе, бесплатно со Бок химселф да комуницираш...

      Delete

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...