Сакаме да платиме!
И ние сме македонци!
Се само дел од графитите кои денес можеа да се забележат на неколку згради во Аеродром, после срамниот потег на градоначалникот на ослободување на граѓаните од плаќање на паркинг на своите возила. За утре е закажан и генерален штрајк, на кој јавно на прес конференција ќе се обратат организаторите на ова движење.
Во краткото интервју, забележлив беше нивниот револт кон овој непромислен и непатриотски потег. Речиси постојано извикувајќи и прашувајќи се:
- Па каде ние да платиме? Па дали сме ние помали патриоти од оние од Центар, па да не ослободува некој од плаќање?
Истовремено задоволни од Владата која со невиден сенс, истовремено, од 01.01.2012 одобри зголемување на цените на парното и струјата, во интервјуто наведоа:
- Фала богу на некој му текна, дека вака веќе не иде, башибозук се праи, луѓето собираат по 100 евра и бегаат од државава. Вака колку толку ќе се нивелира ова олеснување кое ни го приреди општината Аеродром и ќе може со мирна глава и чиста сметка да си го живееме животот.
Видно загрижени за значајниот одлив на мозоци кој се одвива заради ваквите и слични на неа постапки и одлуки, но и полни со ентузијазам после последните вести за повторното воведување на визниот режим за нашите граѓани.
Нашите репортери исто така направија и неколку разговори со граѓаните, при што еден револтиран аеродромец од позади Веро кај Рударски на паркингот, почна да го удира сопственото возило, гневно извикувајќи:
- Џабе ли 3 коли сум купувал, мајку ви вашу, сеа кај к*р да ги паркирам у Центар ли мајку ви вашу фашистичку!
На бензиската во позадина, некои порешителни граѓани можеше да се забележи дека веќе ги преземаат работите во свои раце и купуваа канистри со нафта, за како што велеа домашна употреба. На прашањето на нашите репортери еден одговори:
- Па иам парно, се греам на панели плус пошто ги отварам прозорите и сеа си го срушив ѕидот за поладно да ми држи и купувам и нафта дополнително за и така да се грееме. Што да праам коа сум патриот, бе не можам против тоа и тоа е! Ионака рипна сеа и нафтата, тука е некаде ко бензинот!
Една наша граѓанка пак беше забележана како изработува молотови коктели со новиот 100 октански најскап бензин и ги фрлаше во Вардар, велејќи дека ја скинало тоа што е пензионер и има бесплатен превоз, а исторемено и ги користи благодетите на нашето здравство, едукација и тн. И со својата огромна пензија тврди, дека овој потег ја фрлил веќе во очај и за тоа била принудена ова да го направи!
Со повеќе информации од лице место се читаме утре!
No comments:
Post a Comment