Ви текнува лани коа ви раскажуев дека само еднаш ми ја обија колата? Епа еве како се случи.
Ја дочекав пријателката од Белград на новата ни автобуска, супер си реков, се немаме видено со години. Одличен момент да си поприкажеме за деновите кога бевме помлади, кога ќе го променевме светот, кога војните го парчеа и пустошеа Балканот, кога децата беа толку исти во размислувањата, а сепак поттурнати од некои туѓи интереси, мораа да си го наоѓаат својот идентитет.
Памтам заради нејзините чести доаѓања во Македонија дека секогаш ја викаа Македонката и не ретко тоа беше збунувачко за неа додека раснеше и се развиваше во она што е денес.
Колку само пати имам плачено ќе ми кажеше... Будалче - и ќе се насмевнеше.
Годините поминуваа и контактите беа се поретки, но искреното пријателство и нашите ставови се чини дека никогаш не се променија. Ми текнува за ноќите поминати зборувајќи за Загубената генерација за Новиот Бран, неретко се наоѓавме во нивните стихови уште поконфузни во своите сфаќања и ако е тоа возможно уште позагубени. Распарани во соништата како нашите држави се плашевме да сонуваме повторно. А не сакавме многу и се уште не.
И така колку што ја сакам Скадарлија, сакав да ја засака нашата Стара Скопска чаршија. Ја паркирав колата над Црквата Св. Спас до Општина или некаква зграда, на земјениот паркинг. Помнам дека ме праша, а ово са албанцима? Со насмевка и реков, ма уживај ќе видиш колку е се кул ОВА Е МАКЕДОНИЈА. И навистина, како што се симнуваш по скалите од Пивницата, те дочекуваат оние погледи уз мљацок кроз чечкалица и спуштена карта пред затварање на хант. Па продолжуваш по калдрмата надолу и мирисот на наргиле те врти наокулу да видиш испоседнати луѓе како тегнат. Конечно седнавме и беше токму она што сакав да го покажам, беше запрепастена и расположена од колку добро се живееше. Сакав и сакам и ќе сакам Скопје да биде новото Сараево мултикулурализмот да изроди нешто што е толку уникатно што единствено може да се доживее, но не и да се прераскаже.
Ова е Македонија денес и реков. Некој конечен триумф над разумното над бесмисленоста на омразата. Беше дојдена во летно фустанче и поводот беше роденденот на нејзината помала сестра која одлучи после Охрид да наминат кај роднините во Скопје и да го прослави тука роденденот. Заради тоа имаше купено поклон ролерки и го носеше омилениот накит и хаљина. Е ама јеби га...
Некој „стилист“ одлучил дека боље ќе стојат на друга девојка и кршејќи го прозорот си влегол во колата и сљуштил што се може.
И така поминаа месеци и мене ми се јавија да одам на суд. WTF си реков, кујзнае за што е ова. И така додека чекав изнесоа едно циганче од собата и полека почнав да ја контам оваа смешна игра. Влегов внатре и судијката без да ми објасни почна да ме прашува што се е украдено, што имало во торбата на пријателката, какви фармерки? Какво ланче? И кога им реков не знам ми рече да се јавам да прашам. И ете ме мене во канцеларијата на судијката како скајпам на ајфонот упорно затоа што го немав нејзиниот број. После 10 минути обидување на Скајп, Фејсбук и што ти уште не и реков не знам, пишува таму во записникот, јас не памтам мене што се ми украле, а камо ли за друг да памтам. И така се заврши таа приказна.
Една перфектно нормална приказна во која циганот ни крив ни дужен на крај го изеде, во една сомнително спроведена постапка од која никој нема корист, осим веројатно Министерот за Правда со затварањето на хиљаду вакви бесмислени случаи кои го „обременувале“ нашето судство.
И на крајот само ќе прашам: Вредеше ли нашето детство за ова? Вредеа ли животите што се дадоа во војните? На кого му се исплатеше да не убеди дека сме различни? Пар идиоти што не знаат што да прават со парите денеска? А и не ни можат нешто да прават туку седат заклучени по своите куќи со страв да мрднат низ сопствените држави, а тек по светот. Сакам моето дете да биде горд човек, ќе го учам да не ги цени луѓето по ништо друго освен по желбата да биде негов пријател, да не се труди да се допадне некому по секоја цена. Да си држи до себе, затоа што секој има своја вистина и токму затоа и да го цени туѓото мислење. Да не догматизира и стереотипизира, да не тргнува со предрасуди. Да не ја врзува техно музиката со наркоманство, народната со сељачизам. Да е умерен во животот. Секоја ситуација да ја разгледува засебно, затоа што ако некогаш се уплашил не значи дека наредниот пат повторно ќе биде така. Секој ден да се труди да биде подобар човек, затоа што човек не се раѓа лош или добар, туку таков станува.
Ако ме праша кој е татко на нацијата, ќе му кажам ти си сине. Ако ме праша што мислам за грците ќе му кажам дека прават добро гиро, ќе му раскажам за идеите и за имагинарниот свет на Платон, ќе му раскажам за како ги победивме во кошарка во 2011.
Помислете сите што ширите омраза во секој свој твит, статус или дејствија, помислете дека тоа вашите деца го дишат, помислете на светот кој им го оставаме. Заеби 500 евра мање више по статија, заеби дневна политика и сети се дека пред се си човек. Јас така ќе го учам моето дете а вие, вие како сакате...
"Јас така ќе го учам моето дете а вие, вие како сакате..." Seto ova e vo red, se soglasuvam deka taka treba, ama zivotot ke go nauci deka malcice je drukcije u praksi. Bi sakala da mozam i smeam taka da gi vospituvam moite deca, na toj nacin i mene me vospitaa, ama nema, sepak e podobro da bidat spremni za realnosta vo koja se zateknale ne po nivna vina. Na mojata generacija i dojde kako zezok samar faktot deka ne sme bas isti, ni napravija nepotrebni rani po koi i den denes ni kopaat. Navistina ne bi sakala moite deca nespremni da go docekaat istiot samar, barem ke gi postedam od bolnoto iznenaduvanje.
ReplyDeleteА по кој параметар ќе го учиш дека сме различни? По бојата на кожа? По националноста? По народноста? По сталежот? По што? Јас навистина не знам и мислам дека полесно ќе му биде да ги прифати сите со љубов, подобро е да доживее по некое разочарување отколку никогаш да не сака никого. Барем според мене.
ReplyDeletePo parametar na George Orwell „Sie zivotni se ednakvi, megjutoa, nekoi se podednakvi od drugite“. A ljubovta... spored mene i ne znaci deka e univerzalna vistina, taa ima malku zaednicko so realnosta. Na krajot na kraistata decata ke porasnat i sami ke odberat kako i vo sto ke veruvaat, kogo ke sakaat a kogo ne, no moe e da im gi predocam site raboti koi se vozmozni da se slucat zosto veke ednas se slucile. Covek nikogas ne mozi da izbega od svoite iskustva za zal, istite neminovno ke mu gi prenesi i na decata. Najverojatno sme imale razlicni iskustva po ova prasanje zatoa i razlicno ke gi ucime svoite deca i kako sto odlicno napisa vo statijata ...вие како сакате... :)
ReplyDeleteP.S
So komentarite sakav da dadam i malku poinakvo gledanje na rabotite, iako bi sakala da sum ubedena, kako tebe, vo ednakvosta. Daleku od toa deka sum nacionalist, rasist ili sl. ama ne e loso covek da si bidi spremen na se'.