2011-09-05

Летз мејк мани



Пошто ја се отрув од пари праење на блогот, еве дојде време согласно првите 2 правила во бизнисот:


Да ви го пренесам и вас знаењето, за каналите преку кои може да се прават пари од блогерство.


Шала на страна, еве и по некој корисен совет, можеби најбитно, доколку сакате нешто да кеширате, би требало да размислите да го водите својот блог на англиски јазик, како за почеток, затоа што доколку си го регистрирате и водите на македонски ги губите адвордс на Гугл, што ете е еден канал плус за заработка.

Можеби најдобриот совет што би можел да ви го дадам лично е: Не ги слушајте моите совети!!! Никако не го правете она што го правам јас во поглед на теми, јазик, дизајн и веќе сте на добар пат.

Стајте си твитер копче, не ги мразете оние од фејсбук и ставете и такво копче (значи не како кај мене на блог), овозможете РСС, читајте и коментирајте и поштујте колеги блогери, осим нормално поетеси :) ипак збориме пари да праите од блогот, не за пичка како да фатиш...

Уште по некој личен совет:
Пишувајте добри ствари, секое потрошено време на добар и содржаен пост ќе ви се исплати, кога тогаш. Бидете темелни при обработка на одредена тема, макар за што и да се работи, секс, маркетинг, ноќен живот, бизнис, ИТ, дизајн, ругање биточани или што и да е. Обидете се да бидете што пообјективни за да ги опфатите сите аспекти. Секогаш, ама секогаш дајте личен став негде пред крајот, ЗАТОА Е И БЛОГ и нормално на крај поставете прашање?!$#^$???
Ако ве интересира како го прават тоа професионалците кај нас или од соседството, не се срамете прашајте. Со задоволство ќе ви обезбедам пар дополнителни линкови, покрај постоечките френдз ворт меншнинг, овие од десно на постов.

Па ај со лесно енд летз мејк мани бичз!!!

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...