Драги пријатели, дали од некој фетиш, дали од безобразлук или пак е нормална работа, но целиот свој живот трагав по идеалната врска. Сабајлево делумно ненаспан, косата крената нагоре, изричито нагласена повеќе од вообичаено ја преминував улицата кога ја здогледав, поминав неколку чекори кога ми текна... Подзастанав, се поднасмевнав и одлучно заклучив... Па тоа е тоа... Идеалната врска... Веднаш се свртив го извадив телефонот и тргнав да ја фотографирам...
Шоферот мрко ме погледна, а кондуктерот извади глава и ми се развика:
што правиш бе???
Изустив само тивко и во себе: ја најдов !!!
И сега еве ја тука конечно на мојот блог вечно да сведочи дека идеалната врска, сепак постои за сите од Екипа Лепенец и се вика 22А...
Кондуктер бе? Кај живееш, во 1989? :D
ReplyDeleteМашко, ова стварно е идеална врска (освен во вторник и петок). Седнуваш негде (секогаш е полупразен), медитираш и оп - стигнал до подножјето на Водно и можеш одма да се зафатиш со трчање. :)
Tajmvorpot me zafrkava malku so terminive...
ReplyDeleteу потрага по иделна врска може да се заврши само у 24.
ReplyDeleteps. 24 иде до бардовци :)
Абе а 69 кај иде? Шала на страна
ReplyDeleteне знам кај иде она али ја одамна пошо се откажав од иделана врска бидејќи кај мене има само 16 а она кани и многу е спора. Одлучив повеќе да не ја чекам!!!
ReplyDeleteкасни бе глуп!!!
ReplyDeleteЗначи само парни бројки се идеални за веза? 16, 22, 24... Па добро бе Аеродромец нема некој заљубен у 5-ка?
ReplyDelete