Идеја ми даде следнава вест:
Националните приватни телевизии Алфа, Телма, Сител, Канал 5 и Алсат М ќе се залагаат за своите права на пазарот преку заедничка асоцијација во рамки на Стопанската комора на Македонија.
Е сега веќе кога се на едно место и топтан да им се обратиме со барање да ги тргнат ефтините синхронизирани турски, индиски и какви се’ не сериски филмови во примарните термини од своите телевизии. Од простотилук ни крвави веќе општеството и овие општествени конституенти со шундот што го шират да дополниме тука и Ѕвезде Гранда и слични кењара шоуа и тоа како имаат свој удел.
Што предлагам да направиме:
- Да направиме некој вид на здружение каде ќе ги дефинираме и прецизираме нашите барања (да се тргне шундот од ТВ) и ќе ги направиме јавно достапни
- Да искористиме сервис за онлајн петиција која би побарале поддршка од јавноста да биде потпишана и да ја упатиме до оваа асоцијација погоре спомената да ја испочитува и да ги тргне булшит сериите и шоута од програмата
- Да побараме од македонските производители да не се рекламираат за време на овој шунд во спротивност ќе ги избегнуваме нивните производи
Што сето ова би значело:
- Ќе се подобри квалитетот и едукативната страна на програмите и ќе се „разбудат“ телевизиите да наоѓаат квалитетни содржини наместо класичен булшит
- Ќе се натераат да продуцираат сопствена програма во отсуство на странски квалитетни сериски филмови или документарки, кои ете им се многу скапи.
- Тоа ќе значи повеќе работа за нашите креативни работници и одговорност на медиумите дека не може со лижење кај актуелната власт (која и да е) и служење ко нивни инфо сервис да протињаат глупи ефтини шоуа и серии, со крајна цел лично богатење и да се повикаат на јавна одговорност.
- Сигурно ќе има и други непосредни користи кои со тек на времето ќе произлезат
Тука сакам да истакнам дека сум пријатно изненаден од подобрувањето на квалитетот на програмата Македонската Телевизија МТВ1 пред се’. Од документарни, забавни емисии, до сериски филмови и долгометражни, па се до спортскиот дел, нешто на што останативе во потполност почнаа да потфрлаат. И знам дека е најлесно да се каже смени канал, ама кога веќе се праат паметни, па ќе одлучуваат и тие нешто за права на пазар енд шит да ги потсетиме дека покрај права имаат и обврски!!!
Делот за вести нема што да го дискутираме. Туга брате!!!
Кој е за???
Ne da sum ZA, tuku i cela moja familija, komsii, kolegi i sledaci na Twitter bi me poddrzale i bi gi dignale i dvete race
ReplyDelete