2014-06-13

Еј како бевме млади!




Со првото сонце бевме млади, со жмурка на топка дури му бегавме на сонот,
еј како бевме млади, со сите долги магарици и по некој срамежлив поглед.

Алек уште кога ја виде првиот пат рече: Панкерот!

А таа со косата небаре тенџерето дури ја стрижел татко и’ се заљубило и од срам и ја оставило плукната Џои Рамон.

Еј како бевме млади, одевме на англиски!

Панкерот ќе викнеа цело маало и сите ќе се стрчаа да ја видат, а многу бевме. 
Јас пак ќе фатев накај војската уџум накај мозокот, знаеш она големото дрво со некои чудни плодови што на некој начин ептен потсетуваа на нашите мозоци. Зелени и не толку големи!

И ќе седнев помнам и ќе си речев: Па вака ли се бркаат женски што мозок ќе беше!!!

Панкерот има дете. Понекогаш ми вика здраво понекогаш не. Се уште го тргам погледот кога ќе ја сретнам и го колнам мозокот што не е тука близу да побегнам кога ќе ја видам.

Не одам на англиски, а и одамна не сум ги слушал Рамонс. Се среќаваме на леб, на пазарче, на тенис кога игра мажот и’ знам испотен да излезам од некој тоифор избушавен во тоа косата.

А кој би знаел, можеби навистина некои луѓе остануваат засекогаш млади. А можеби има луѓе што те прават така да се чувстуваш засекогаш. 

И кога ќе ги најдеш... Кажи им, не биди дете!

Еј како бевме млади!!!






No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...