Текстот е римејк на веќе култниот Те напуштам за Свети Јован
Жените на големо разменуваа рецепти тие денови, а студентските станови мирисаа на струмички сканк. Овде и онде, по некој залутан беќар им даваше шат на уличните светилки. Ги криев своите џоинти тогаш, под дебелиот зимски капут, запечатувајќи ја крагната со чворот од шалот кој се уште мирисаше на хотбоксот од пред некој ден или барем така ми се чинеше.
Горделиво наздравував со бившите љубови и се трудев ниту во најтемните ќошиња на зачадените локали да не му признаам на џоинтот дека проклето ми фалиш. Еј, не лути ми се, таква трева знае да направи плачковци и од најсилните меѓу нас. А јас не сум ни лудиот поет од што се напушив. Отсекогаш си го знаела тоа. Чајот од јаболко и цимет нема вкус без ресата од фасот помеѓу прстите.
Нарачувам некад и планински со многу рум, да ми ги зацрвени образите и да ти напише порака наместо мене. Им лупам портокали на циганчињата и ги галам кучињата скитници. Пишувам двочинки со среќен крај, а третиот чин секогаш го дочекувам надуван.
Уште една зима кротко врви без нас. Ги пееме истите песни на куќните слави и внимаваме да се надуваме и за Свети Никола. Чичко Петре се уште прави најбољи ебан џоинт за Бадник. До Свети Јован сум веќе уморен и прилегнувам во стариот кревет на баба ми. Те одложувам под перницата до следната зима.
No comments:
Post a Comment