2013-03-28

Братот: Сакав да пишам...





Сакав да пишам нешто убаво,
Сакав да пишам нешто весело,
Сакав да пишам за гласањево неделава,
За сиот раскош со мирис на нафталин што се вади се поретко и поретко од шкаф, 
За сите муабети што се почесто се шепкаат од дома до гласачко место,
За насмеаните лица кои стануваат антика,

За сите комбинаторики
Кој ќе победи кој ќе изгуби,
Кој со кого ќе коалицира...

Ама не можам, стварно не можам,
Нешто не ми штима,
Дали е напнатава атмосфера,
Дали е немаштијава,
Дали се тензичниве меѓуетнички односи,
Дали е раздоров меѓу народов,
Емотивна беда,
Немаштија,
Простодушност,
Ииии потреба и страв од не знам што...
Едноставно не ми иде ништо од рака оваа недела!

Не е на арно овој наш душевен немир!

Почивај во мир,
Господине Никола Младенов

          @bratot1




No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...