2013-02-26

Skopje Casual на #емисијатанарадио на #ерадио



Вчера по јубилеен трет пат (може беше и четврти) на гости во #емисијатанарадио ни беа девојките од Skopje Casual и Борјан Јовановски. Конечно технички овозможивме нашата дијаспора да биде дел од емисијата без проблеми за што му должиме голема благодарност на @bratot1 . 

Истовремено диџеј во ракија барот Калдрма беше братот @ChaseWork кој пушти освежувачки добра музика и топла препорака за сите кога ќе имате прилика да си го чуете кај ќе го начекате момакот.

Девојките инаку на 03.03.2013 е интересно дека го слават својот прв роденден. Во Камарите, недела, со почеток од 21 часот.

 Вака кога размислувам не ми се верува дека за само една година постигнаа толку многу успеси, за дел од нив поразговаравме во емисијата. Имаше дел и прашања и сугестии од нас, разменувања на искуства и предлози од страна на Борјан и како тој се снаоѓа во релативно новиот проект Нова

Не се плаќа паркинг :)

Она што е битно е неделава да останете на блогот и на фб страната на Skopje Casual да следите што ќе се случува интересно врзано за прославата на роденденот и секако да бидете аптудејт што е како модерно во Скопје.

За сето останато слушнете како си поминавме вчера:




И да поздрав и до Бас Инфузија за првиот микс направен за Skopje Casual, музика која ја слушавме вчера во емисијата.



1 comment:

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...