За некого најобичен датум, за мене, ете специјален. Зашто специјален, епа вака, во текот на денот како Blogirame.mk бевме дел од еден екстра кул настан AllWeb со екстра предавачи и ликови од регионот кои работат интернет и ПР маркетинг на некои уште поекстра фацки, имавме и типче од Гугл Хрватска што го замаравме зашто не пуштат Гугл адсенс у Македонија на што ни одговори дека треба самите да покажеме потенцијал кој Гугл би го препознал и би го отворил и овој сервис за порталите и сервисите од Македонија. Што значи со други зборови се уште веројатно премалку се инвестира од страна на компаниите во тој домен, но општиот заклучок дефинитивно беше дека дефинитивно ќе биде подобро така да луѓе доаѓајте онлајн !!!
Секоја чест инаку на организаторите кои ете меѓу другото најдоа доблест да и приуштат на твитер и блог заедницата шанса да прикаже што има сработено во последно време и да ги поканиме на настанот кој го организиравме подоцна вечерта. Резултатот беше следното видео кое го прикажавме на конференцијата:
Твитер и блогираме наградите си беа прича за себе, што како се случуваше прашајте некој твитерџија или блогер, ако сепак ви се гледа некое видео клик ТУКА
Лична благодарност до сите што земаа учество во #награди , до оние што го поддржаа и на крај до оние кои го хејтаа, затоа што сепак на крај тоа е твитер!!!
И на крај, можам да си замислам на колку луѓе, па тек видеово нема да им се допадне
No comments:
Post a Comment