2012-09-29

Епа вака...




Пред некој ден случајно го приметив на твитер дека ни дошол уште еден македонски пратеник. Потег што секако е за поздравување... Како што е ред веднаш го закачнавме за два три кикса кои ги имаше твитнато на што ни одговори и тоа е за поздрав. Денес како одговорен граѓанин викам дај да проверам што прави власта за одбрана на моите интереси како македонец и да ви кажам не ми се допаѓа на кого се трошат моите пари како даночен обврзник.







Се работи за следниот твит:




И сега првиот пат кога го закачнавме вети човекот дека ќе купи нов телефон на кој ќе има ете кирилична поддршка , ама кога денес ете повторно видов дека ни дал јасно на знаење дека јеби га се уште нема таков телефон би сакал да го кажам следниве работи.

1. Чим во својота биографија така ревносно има напишано дека е пратеник тогаш можеби ете треба да го потсетиме дека е македонски пратеник и како таков има одредени права, но и обврски. Па ако има многу мерак да пишува на твитер или нека си твита од приватен профил и нека не пишува дека е пратеник, каде што Владината и партијата на која е припадник пропагира вредности како ПИШУВАЈТЕ КИРИЛИЦА или нека си пишува на англиски чоекот не сме ретардирани ќе се разбереме или пак толку ако е тенка работава еве ќе се собереме од македонската твитер заедница, кај сме дале толку пари ќе даеме и по 10$ еден телефон да се земе ко што личи.

2. Значи не пишувам кирилица дека немам таква поддршка на телефонот. Па земајќи ја таа логика можеби спорот со името би можел да се реши многу попрагматично. Може да се врати преговарачот нашиот да ни каже дека уговорил да се викаме Северно Џибути, пошо јеби га, телефонот што си го купил има само кинеска поддршка и нишо немал поим што пишува, иако тој јасно го држел ставот дека сме ние R. Makedonija.

3. Уште нешто ко за крај. Ако треба и по 100 пати и по 1.000 пати ќе ни објаснува ако треба и тоа е таа промена на ставот кој треба да го имаат пратениците дека тие се тука да ни одговараат на прашањата, а не да пропагираат против комуњарите или ВМРО-вците или овците или кои и да се.

Значи пратенику однесувај се како таков, на твитер те читаат и грци и вмровци и сдсмовци и патриоти и предавници и гејови и феминистки и секој свој став ќе треба да си го браниш и да не убедиш и тоа како во тоа. Со тоа што сега имаш отворен профил твитовите се веќе јавно достапни и може да бидат предмет на јавна дискусија во секој момент.

Јас како граѓанин ќе те замолам да твиташ поодговорно, а загрижен за проблемот со тастатурата и поддршката ќе ја замолам твитер заедницата да собереме кој колку може да купиме телефон со кирилична поддршка. Јас давам 10$ кој е за?





3 comments:

  1. да си објавиш тендер прво, туку-така не се купвит пратенички телефон....

    ReplyDelete
  2. 'Владината и партијата на која е припадник пропагира вредности како ПИШУВАЈТЕ КИРИЛИЦА'

    Ова не е кампања и задача ексклузивна на владата или недајбоже партијата на власт туку на сите македонци. И наместо да му се потсмевате (како упатеин и едуцирани во областа) објаснете му на човекот како да инсталира македонска тастатура и поттикнете го да се промени на подобро, наместо да го иритирате со (колку и да држат, сепак) невкусни коментари.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Јас не сум упатен граѓанин јас сум напатен граѓанин... Ако дошло до јас да кажувам кој како треба да му ебам мајката... Тогаш нека се тргнат на страна еве јас ќе ги бранам интересите на мојата Р. Македонија со оглед на тоа што и самиот кажуваш сим поедуциран и поупатен. Така ли е?

      Delete

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...