2012-05-23

Фабрика за дебили



Да да, Македонија е една голема фабрика за производство на дебили. Не е тука исклучен, никој нити по занимање, нити по пол, нити по сталеж :)




Шала на страна сакале ние, вие да се екстрахираме или не, овде некој системски работи со години и изгледа ѓаволски добро му оди во сузбивањето на секаква форма на добар кадар.

Она што ме боли е за жал што после 20 ебани години во Македонија, на факулетет кој треба да е промотор на капитализмот, на идејата за самоиницијатива, сопствен бизнис, претрпиемачки дух и така натаму најдобрите, повторувам најдобрите студенти ги даваат следните изјави.




И сега што да ви кажам? Ај ќе си речам јас се уште транзиција беше, па ете војна и што се' не, па наша генерација отиде у курац, но што правиме еве од тогаш се 10 години поминати. Што е тоа променето во свеста на професорите? Колку Економскиот факултет како институција беше генератор на било каква идеја за започнување сопствен бизнис?

Студентите се уште размислуваат на начин рудиментиран дури и за нашиот поранешен „југословенски“ систем на уредување, со оглед што не беше класичен комунизам. Да си изучи школо, па ако е најдобар некој треба да му најде работа на тој студент. Ако не ќе си продолжи да си студира пошо му иде наука.

Се уште не можеме да најдеме модуси, се шина владана пари давање во реклами за едукација и промоција на идејата за сопствен бизнис, а главните што треба да бидат промотори на таа идеја произведуваат кадри, за во 1960 година некаде. Како излезе ова ко да ја бранам Владата :)

Па еве земете пример кога било кој професор земал под рака македонски студент, ЧИСТО ЗАТОА ШТО Е КВАЛИТЕТЕН, да го насочи во образование, да му најде докторат, да го насочи во бизнис, да му даде совет книга да прочита дополнителна литература. Или не дај боже да започнат приватен проект заедно, па макар и нека лапа професорот кеш. Ќе научи барем копиљот дека не треба да верува секому, уште поубаво. Мислам ова го има повеќе на Електро и на Машински отколку на Економски.

И после ќе завршат факултет и ќе се обесат на вратот на стопанството и дај. Реално извинете, велам извинете неам поим зашто, кога и јас сум таков, но за да успееш во овој мочан капитализам, треба и други квалитети. Треба ризик, челични нерви, посветеност, па и погазување на по некој принцип. Треба знаење и know how а не само теорија. 

Одлични сме во производството на дебили и кандидати за добро фелацио, коа треба да ќути пред некој стар професор или да не речам професорКа, но некако не успеваме да направиме солиден, храбар кадар. Или што знам може до мене е!

И да се разбереме исклучоците 10-20 се само потврда за тоа што го зборувам!

Пред да го објавам ова ми улетаа со контруктивна критика дека и приватниот сектор, кај нас е многу заслужен за состојбата. Со што во целост се согласувам, повторно доаѓаме дека нема некој што размислува пазарно во државава, дури ни приватниот сектор.









No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...