2012-05-21

Црвениот семафор




Тоа утро се разбуди со чуден вкус во грлото!

Не беше нити од кнедлата која не беше ја голтнал од претходната ноќ и остана да го гуши дури разденувањето не соопшти дека ќе биде ова уште еден посран врнежлив ден!

Ко за чудо не беше ни од хроничниот бронхит кој го влечеше со години и упорно кокетираше со срамежливата туберкулоза која само во ретки мигови на негова слабост ќе ги навлажнеше и ќе им се наситеше на неговите бели дробови.

Излезе од автомобилот и упорно тврдоглаво одбиваше да го зема чадорот, на патот до работа!

Тоа е само дожд, а ова е само кашлица - ти се намочам во девизата! - се поднасмевна и продолжи по патот. Дојде до семафорот кој никогаш до тој ден го немаше фатено на зелено. Флертуваше со среќата на секое поле и неретко знаеше да и' се изнаебе! Одеше во крајности и малтене се' сведуваше  на причинско-последична бркотница низ животот.

Така знаеше да дојде до Центар преку Водно само затоа што семафорите биле зелени натаму. Знаеше да ги прескокне сите линии одејќи, ако замислеше дека ќе му донесат несреќа, знаеше да не и' се јави на девојката без која не можеше да живее, само доколку претпоставеше дека претеченото кафе е сигнал дека таа не го сака!

И еве го стоеше пред семафорот кој веќе безобразно целиот негов живот светеше црвено, макар кога тој и да се приближеше до него. 

Копиле- изусти во себе се поднасмеа и го извади телефонот рефлексно. Ретко кога имаше што да се види особено во тие рани утрински часови, особено во неговиот телефон. За чудо имаше порака. Веднаш не приметувајќи го веќе зелениот семафор поита да ја види пораката стоејќи на дождот, одбивајќи ги зачудените погледи од автомобилите на луѓето кои се чудеа кој е овој лудак што стои на дождот со телефонот во раката.

Бројот му беше познат, беше оној кој го имаше вртено и чекано. Беше еден од оние броеви кои не влегуваат во глава, туку директно внесуваат немир во срцето. Беше се' што не требаше да му се случи на тој ден, во тој миг, пред тој семафор, во таа кревка здравствена ситуација во која се наоѓаше.

Беше и остана пичка, еби се!

Редовниот половна час кој го доцнеше и заради кој беше заглавен на последното биро и секогаш игнорантниот однос кон претпоставените дефинитивно не го повлекоа да поита кон тукушто воведениот модерен систем на електронско најавување. Исто како што нити бронхитот и редовните малтене заканувачки меилови од ЕјЏар секторот, за кого секогаш ќе изустеше - Кадрово бе кадрово сте да ви ебам мамицата! не го уплашија да се симнува и по 10-тина пати на цигара.

Ма ништо не беше битно, го обзема само она моментално чувство на срам, како кога ќе се напиеше и ќе се разбудеше во нечиј кревет, незнаејќи нити како се нашол таму, нити пак зошто!

Зарем е можно да ме сакаше и таа? - и се стаписа од дрската мисла која падна со некоја од проклетите капки дожд директно во неговата глава.

Се заврте и на третото зелено светло не појде накај семафорот, туку се затрча најсилно кон единственото место каде среќата не беше некоја сила која му го диригира животот, туку потчинета слуга под неговата исполнетост додека тој некого љуби! Беше тоа исцрпувачка врска, како и секоја во неговиот живот, но сепак на некој начин единствената која му дозволи да ја чуе тишината и спокојот!

Не беше битно дали е пичка, тој веќе не беше, не беше битно како таа мириса, дали е остарена, не беше битно дали повторно беше облечена во фармерки, иако тоа најмногу го лутеше и никогаш не разбра како може некој така да седи низ дома. Тој знаеше што сака и тоа беше таа!

Молскавично ги скокна скалите до првиот спрат и почна да ѕвони и ѕвони! Му отвори во плач и навистина не му беше битно дека не носи фармерки, нити дека конечно не носи маичка на прерамки, туку токму неговата која ја имаше некогаш заборавено. Не беше битно нити дека немаше прслук, особено од оние тврдите кои ги мразеше од дното на душата и маичката која ги истакнуваше нејзините брадавици кои сосема перфидно го намамуваа да го прекине нејзиниот плач. Не стигна да види која боја беа нејзините гаќички нити пак дали воопшто носи. Не стигна затоа што нејзиниот расплакан глас веќе почна да ја крши наковалната во неговото уво.

Трудна сум педеру, зашто те немаше, зашто! Еби се, сега сум негова и скапи си со твоите курвички!- ударот на вратата го бутна неколку чекори наназад или пак беше од губењето на свест и немоќта.

Се заврте накај скалите кои одеднаш му се видоа најдолгите во животот, иако пред само минута ги имаше прерипано во еден здив. Се дотркала до крајот, ја отвори вратата од влезот и го забележа дождот кој неумоливо паѓаше уште посилно!

Запали цигара, зачекори колебливо и само изусти:

Барем колата да си ја земев у пизду матер!!!


3 comments:

  1. абортирај, ебате

    ReplyDelete
  2. земи ја сосе дете, ебате.

    ReplyDelete
  3. Абе ако добро прочита тој на крај вика барем колата да си ја земев што пак алудира на тоа дека тој воопшто не е променет и се уште е тешка пичка! Од друга страна заради токму тоа таа е принудена да си продолжи понатаму и покрај тоа што го сака. Така да тој е веќе крајно ирелевантен дали ќе ја зема со дете без дете, абортации или што и да е.

    ReplyDelete

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...