2012-04-01

blogirame.mk промоција





Вчера беше специјален ден за мене заради неколку работи! Што заради blogirame.mk и забавата и супер атмосферата, што заради тоа што за прв пат влегов на 2 пати во Сектор без да му ја мислам дали ќе ме вратат, што заради тоа што едниот од тие пати бев во тренерки. Знам сон на секој Аеродромец е да влезе во диско во тренерки, но ете јас тој свој сон си го остварив.
Покрај #жблог вчера имаше и презентација. Еве ја:



Мислам дека и од тука може да се симне но ја лоудав и на рапидшер, така да може и на линков да си ја симне доколку некој сака!



4 comments:

  1. Почитуван,

    ...ги прикачив овој коментар на една блог дискусија за Вашата промотивна средба и проектот со агрегаторот.

    Ќе го постирам и овде.

    Можеби не е дел од техничката и комуникациска природа на Агрегаторите, ни чинам дека за да заживее Блогираме.мк во полн капацитет, одигра некаква општетвена или комуникациска улога и создаде своевидна препознатлива и активна атхезивна и дисперзирана блого-Заедница не ќе биде лошо да има категории какви имаше старата блог платформа. Знам дека Агрегаторот не е платформа, знам дека ова решение може да побарува одредени финасиски средства, но чинам дека може комерцијално и технички да се реши и развие во насока на создавање на овие можности:

    1. Ротирачки уредник за одредена насловна старна кој ќе издвојува релевантни, квалитетни, информативни, креативни и влијателни блогопишуванки

    2. Посебен технички дел каде ќе се листаат блоговите каде се развила дискусија со нумеричка назнака на бројор на коментари или со предлози за место каде дискусијата се одвива. Делот Најгласни каде се листаат блоговите може да прерасне во таквов технички генератор.

    3. Доразвивање на Категориите. Сега се скудни

    4. Интерактивност (можност за коментар или можност за вреднување на текстот од обој кој го прочитач) и на самите предлози и листанња од Агрегаторот постирани на Агрегаторот. Како своевидно и своевремено на Кајмакот. Така евентуалниот читател ќе знае начелно дали да троши време на таа пишуванка.

    5. Дел каде ќе има Етички кодекс на блогерско Витештво. ја ќе го напишам :)

    6. Технички дел за микро-блогирање (спојување на твитер активност по твитер стандарди, но во блого линерност на евентуалните риплеи). Информации за активностите на твитосферата, популарни хаштагови и сл.

    7. Воопштено кажано, преглогот е како Агрегаторот да не биде Количлествен прибирач на се-(ни)какви блого-сочиненија, туку уредувачки Качествен ектрактор на вредни, коментирани, критички и влијателни записи од овдешниве ангажирани пишувачи на нет.

    Ако ми се прифатат идеиите, и ако технички се возможни ги предлагам за први ротирачки Уредници корифеите на мак. блого сферата Зорив, Бочваров, Бате Џанго, Василка…

    …носталгија е проклета ствар, се шо пишав имаше на старата Платформа кога мак блогирањето го живееше своето Акме…

    поздрав и желба за успех

    Бошко Караџа

    ReplyDelete
    Replies
    1. Видов кај Зорив, веќе ги разгледуваме предлозите... Да средиме главите денес од славењето од вчера и продолжуваме со нови сили од утре :)

      Благодарност огромна за конструктивноста на предлозите.

      Секоја почит.

      Delete
  2. Супер све, честитки, ово-оно... као што треба почнавте, никад да не завршите! (ова е желба за долговечност и успех). :)
    Него, остај тоа, кај да набавам онаков џојстик? И телефонот на одговорната за контакти, да ја контактирам?

    ReplyDelete
    Replies
    1. По таков џојстик и самиот сум во потрага :) а одговорната ја нема под дрво ни под камен, верувал или не 3 дена. Денес Високиот Комитет ќе заседава за ваквото неодговорно однесување. Наредна журка за казна ќе врши презентација во нешто мрежасто...

      Delete

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...