2012-04-05

Изглеа пак ќе славиме!!!




Колку сме толку сме за нигде сме!!!


Не знам чива беше мислава ама ми се чинеше соодветна за да го почнам постов. Како и да е, многу работи имаме за славење. На 15 Април 2012 Аеродромски сон ќе направи 2 години постоење. 

Како и да е дури тропа срце, дури осеќам дим од трава по некое скопско ќоше, дури има педери политичари, дури на Гугл му држат серверите, дури постојат сеќавањата за сите оние луѓе по патот, кои што избраа никогаш да не остарат, дури постои Екипа Лепенец, дури постои Балет, дури не се затвори и последна септичка јама у Скопје, дури Битола изгради Аеродром, дури е Аеродром најдобра населба на светот, дури МЗТ не освои титула, дури постои македонска естрада, дури не напраам милион долари, еден аеродромски сон ќе живее...


Еве не година дена подоцна МЗТ е поблиску од било кога до освојување титула, Аеродромски сон е на чекор до кршење на 100.000 пејџвјуа и се мислам дали да се праи пак некоја журка, ама за тоа ќе одлучиме заедно, ако је раја за :) 


Во меѓувреме:



1

2

3

4

5

6

 

еве ги дизајните за маичките што ќе ги направам, така да погледнете ги изберете некоја што ви се допаѓа и твитнете го постов преку blogirame.mk и првите 10 луѓе што ќе го направат тоа ќе си добијат маичка со дизајнот што ќе го изберат и напишат во твитот. 

Еј да, пишете и бројче! L,M ово оно!!!





1 comment:

  1. АлександарApril 5, 2012 at 1:32 PM

    5 изгледа најсекси :)
    Нека се множат многу години!

    ReplyDelete

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...