2012-04-29

Животот е ланец за веспа







Од ден во ден се брзаме да ги изгубиме работите кои и без тоа ги немаме.

Седиме, се прашуваме... Губиме, цениме...

Се будиме и брзаме за на работа, да стигнеме некои таргети, да украдеме нечиј миг,

Нечиј точак и мојата веспа! Нечиј одмор во Асправалта...

Нечиј мирис во вечерта да не потсети дека некогаш сме сонувале ова да ни се случи.

Упорно забораваме дека тогаш е сега. Сега и овде. Забораваме дека тој е сега јас,  оставаме да остане тој, да се случи некому друг, помалку да боли.

Оставаме да ни се тркала животот,

Низ правилата, предрасудите, низ ебаните закони, низ стравот и ланците!!!

Толку упорно се плашиме од ебаната болка што животот ни поминува во синџири,

И само во ретки мигови ги поткреваш синџирите и ги гризеш со своите веќе подрасипани заби, што од што си подостарен, што од своите грозни навики на пушење, гнетење холестерол и се’ почесто пијанење.

Немаме ни денар, а упорно ќе се најде за по некоја свадба и погреб.

А јас и ти?

Требаше да го срушиме тоа моја драга... Ти беше раштиманиот клавир, во механички индоктринираната, сиво поставена соба, облепена со најлонски кеси по подот за да не се исфлека новиот тепих, од милионите нас, кои сигурно чекориме со главите кон гилотината наречена живот.

Јас и ти требаше да бидеме таа ноќ сите ѕвезди и да ги гледаме сите кучиња скитници најадени,

Јас и ти, ќе бевме музиката во нашиот живот, која никој никогаш ја не бил чул,

Наместо тоа седевме и се прашувавме...

Седевме и оставивме да се изгубиме и денес се прашувам,

Дали цениме или го оставивме животот да ни се истркала пред нашите подгрбавени тела???





2 comments:

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...