2012-03-25

А јас?





Се појавуваш секогаш од никаде и туку ќе ме погалиш,
како најлесниот пролетен ветер,
како капка дожд која се обидува да прикрие по некоја солза,
која случајно се појавила, исто како и дождот.
Очила за сонце, да се избегнат сите оние прашања,
Кејот е прекрасен ова доба од годината, дури и навечер.
Погледот не говори многу, растреперен глас и спомен,
молња и се буди надеж, зад секој скриен одговор.
А тој упорно доаѓа неповикан, влегува како сомнеж и
пред да сетиш веќе те облеал и си заминал.
Како за прошетка во Дебар маало, џоинт на пладне и филм во 6,
облекуваш заклетви од стариот орман и тргнуваш одлучно,
овој пат да не наврнеш, а веќе го привикуваш,
да капне да те изненади, погали, соголи.
А јас?
Никогаш не научив да го пречекам пролетниот дожд без тебе!!!




No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...