Ова е буквениот еквивалент за буквата Д, со значење добро во глаголицата.
Причината што го пишуваме ова е забележаната се почеста употреба на глаголицата кај македонските хипстери. Во разговорот со еден од нив Сточје, кој сега единствено се одзива на името Кирил, дознавме нешто повеќе за причините зашто е оваа се почеста употреба на оваа азбука.
„Не знам зашто сите сметаат дека нашата идеологија е да бидеме иритантни на другите луѓе. Ние само сакаме да бидеме различни. Но понекогаш чувствуваме дека едноставно во Скопје е премногу тешко да бидеш таков, затоа што сѐ станува меинстрим премногу брзо. “ - го почна Стојче сега веќе познат како Кирил своето излагање.
„Така на пример ние одамна веќе не носиме шалови, тоа е веќе толку мејнстрим, оние крупни за никаква намена наочари веќе со години стојат во мојата витрина, боже колку се само ин“ - со каење констатира Стојче.
Во разговорот се надоврза и Ламбе кој пак инсистираше да го нарекуваме Црноризец Храбар и дека прв го избрал тоа име уште пред Гоце од САФ да го искористи за својот фејсбук профил . Вика за себе:
„Погледни ме во фризурава принуден сум да се шишам за да изгледам убаво за да бидам поинаков во овој град. Навистина е тешко да бидеш уникатен со толку многу чудаци. Така братот Кирил одлучи дека е време да почнеме да се истакнуваме поинаку и затоа полека почнавме да навлегуваме во глаголицата. Сега веќе ја користиме за да мирцаме и кога си пишуваме писма, бидејќи социјалните мрежи ги избегнуваме!“
Методиј, претходно познат како Соте, целосно го уредил својот Мајспејс профил користејќи глаголица. Него го прашавме зашто токму глаголица и зашто токму Мајспејс?
„Она што ние сакаме е да бидеме оставени сами, нас не ни треба вниманието на другите. Затоа Мајспејс бидејќи не знам дали остана некој сем нас и Џастин Тимберлејк. За глаголицата зарем не е очигледно. Ниедно сељачиште не знае глаголица“ - низ благ потсмев заклучи Соте и се подаде да го дофати салебот.
Она што е моментално актуелно е дека истото наидува на бројни критики од сите страни. Македонскиот елемент негодува заради големиот број букви во глаголицата кои водат потекло од грчката азбука, бугарите нормално заради тоа што ја сметаат за своја оваа азбука, како спас од византиските влијанија, хрватите исто така. И покрај прашината која се крева, македонските хипстери инсистираат да бидат оставени сами и дека единствено што имаат да порачаат на сите е.
Инспирирано од њузнет
хипик поише од хипстер
ReplyDelete