Со изградбата на новиот парк, Општина Аеродром уште еднаш ќе го потврди атрибутот на најзелена општина поради фактот што во неа има 28 квадратни метри блоковско зеленило на глава на жител, во споредба со европскиот проектантски стандард од 8,5 квадрати“, истакна вчера градоначалникот Ивица Коневски при промоцијата на проектот за новиот парк.
Еве го конечно доказот за едно мое дамнешно тврдење дека:
Просечен аеродромец у просек е едно 4 пути ПОЗЕЛЕН од било кој у Европа во секоја смисла на зборот.
Еколошката свест на еден Ајродромец е на едно така „високо“ ниво да дури и еден Амстердамец би можел да подзавиди. Почнувајќи од канделабри, преку клупи, па преку булевари, по кафичи се е зелено.
Абе просечен ајродромец особено помладата генерација е на толку „висока“ еколошка разина, да како отвара очи одма мисли за зелено. Па уште го нема првото кафе испиено има свртено минимум 5-6 телефони, да види кај е зеленилото што го „саделе“ ревносно со екипата до раните утрински часови, претходниот ден. Па просечен ајродромец бе, не уплаќа спортска дури не „засади“ нешто бе.
Така да си знаете во Аеродром се е зелено, само една работа не а тоа е МЗТ
Доказот инаку беше најден тука
No comments:
Post a Comment