По повод роденденот на блогот АЕРОДРОМСКИ СОН, општина Аеродром, одлучи да го промени логото. Овој високо современо остварен дизајн, изразитата жаркост на боите, бандерата во средина, нежниот наклон на десно или ти северо-исток на целокупниот концепт, како и полусонцето (WTF?), не асоцираат апсолутно на ништо, осим на жут булевар и прегазен пешак. Сепак можеби кога ќе погледнеме подлабоко во историја на населбата можеби и логото не е далеку од булеварот, ова де вистината. Да бев едино јас дизајнер од десно ќе стаев едно фраерско М на црвената површина, да асоцира на Мекдоналдс, чисто да се знае...
Сепак е ова голема част за нас и за тоа неизмерно им благодариме на сите од општината. Особено Советниците од населбата Лисиче, чии вонвременски идеи денеска го чинат Аеродром да биде дел од една современа Општина со футуристички изглед.
Веста е преземена од Дневник
Па сакав да ти кажам да го понудиш логото на aerodromskison.bogspot.com да го стаи општина Аеродром на знамето и грбот
ReplyDelete