2010-06-08

Кој го уби Синѓелич???


Ете чекаше и нашево ни мило Скопје, уште од времето кога ни ги стаија оние коњине, уште у мај нели, дека навечер ги ставаа, па не ми текнува точно кога беше, можно е и април да беше (нели тогаш тврдеа дека онака баш им било жал, ама налет морале навечер да ги постават) да си добие и оно споменик од италијански мермер, ко оној на Микеланџело. Ама нормално ние оти сме поголеми фраери од ама баш сите, стаивме споменик повторно што ќе праи географски недоумици, не за друго, да не ни биде монотоно кога ќе се договараме за чекање, нели.

Па ќе си имаш заебанции при договарање у стилу: се договараш со некого и викаш - ај се чекаме кај Ченто и тој по случајност отиде у Ханибал, у Ченто. Па певаљки, скара, алкохол - ќе забораи и што се договорил и кога и дека воопшто се договорил. Ти ќе стоиш како зелен некој и ќе буљиш у коњите од спроти Ченто и ќе си викаш што не се договорив пред Гоце да се чекам, ебаго !!!

Ќе се свртиш накај Ченто овој со шеширот при срце, ќе упери прст у тебе и уште да ти прозбори глуп си чедо што чекаш овде... Ќе се прашуваш после во себе... Кој го уби Ченто??? А кој Синѓелич??? И пак и ова ќе го решиме некако, не сме 63’, ќе свртиш мобилен ќе се најдете, некако. Ама што праиме со луѓево што живеат у Ченто??? Па нели, заслужија бе еден споменик дечките да им стои на среде населба, како нас пошто сме од Аеродром што ни стои катнава гаража, како оние од Капиштец, што им стои исто катната гаража и како оние од НЛО што им стои џандарската станица, како на Водно што му стои крстот??? Па мислам, кај дечките се возат 2 саати да припарат до градот убав, трошат галон бензин (кој патем пак поевтини од пред саат време), им преименивме населба пошто тапа им беше другион назив, па сеа ни споменик да немаат. И за инат у Центар да стои, па на патронати тука да доаѓаат цело Ченто. Греота луѓето.

Јас се мислам дека почнувам да контам која е заднината на цела оваа геозаебанција... Да не се развива локал-патриотизам бе ало... Да не се делиме у племиња, овие се на Гоце, овие се на Ченто, овие на Александар, овие на Маџари... Па еден народ сме нели?!?

Само мислам дека пак, малку ја утнаа оти гледам веќе почнаа да не ребрат по социјалниве мрежи... И со право богами...

абе скопјани, ако ви речам сега „се чекаме ченто“, ќе се закрените в населба или пред споменик?



Ама и тоа не е битно, да причекаме лавоите да ги стаат, па да видам кој ќе се буни тогаш !!!

Добра ноќ, граду убав


No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...