Санторини си била???
Сум била...
И??? Убо ти е Санторини???
Па да...
Е куро убо било Санторини, глеш оти различни вкусови имаме. Не ом кај
то грчишчана, не ом куров...
Накратко беше муабетот на една сељанчуга што тешко дека беше од Битола (сепак таму културен народ живее). Сепак беше доволен тригер што ме инспирираше да запраиме муабет со екипата пошто ионака заглаивме до ниедно време и да дискутираме до илјада и една за вечното: Зашто ми живимо???
Особено беше тешко покрај сите останати парадоксални моменти на битисувањето и неподносивата леснотија на живеењето да се објасни сето тоа од призмата на Македонскиот народ (можеби и не треба со голема буква, ама едноставно ми е ќеиф).
Спорот со црквата, јазикот, името, нерешеното гранично прашање (тоа го решија ли бе? Апропо и виз а ви муабетов?). Па територијалните претензии на околните народи, незастанатата милениумска пропаганда, бугарските професори во Мала Преспа, заебаниот стандард, корупцијата, да им дадеме или не, кој ќе добие on a long run, па војна, рамковен, да се фаќа штикла или не? Што праат нашите надвор, генетски може ли да се докаже поврзаност со антички македонци (ова најверојатно не може, според експертско мислење), R1 и R2 генетски кодови, па преку автентични консонанти и самогласки кои не само што ја мешаат работата, ами и дополнително укажуваат колку е се едно големо срање.
Заклучок беше дека едноставно треба да си појак и ништо друго и веќе си повеќе во право од некого. Јебем ти демократија.
Јебем ти уште еднаш демократија.
Како тоа еве пробувам да си објаснам јас. На пример влагам у кофишоп у Амстердам и внатре седат 2 Јамајканци и група Грци и викам:
Хеј ман хабензи ајне гутте сканк цу геганге – их воле ајне масс демиџ ин маине копф цу гемахе (треба превод?)
За рака фино лепо си држам некој избланширан гот ала овој на сликава…
Купувам некое „јако срање“ и тука си дуваме со готот фино лепо и во еден момент ни доаѓа ептен јако тука и одеднаш лапање ово оно трљање, држ недај... И седат Јамајканциве, Грциве сите и као се е кул пошто, нели као демократија човече, моеш да бидеш што год и гот сакаш... Се смејат сите, осим пар Грци што љубоморат ради добриот задник на готот. Класична космополитска прича, велкам ту да њу милениум.
И сеа си прашувам што ќе биде, одеднаш после некое време ако се свртам ја и кажам луѓе све ок - ова откачени ово оно, али ја бе Македонец сум, од Македонија.
И се мислам што ќе се деси во моментот кога ќе кажам абе јас Македонец сум. Што? Јамајканецот ќе дојде и ќе ме замоли да го напуштам локалот заради недолично однесување? Како ок е се до сега што праеше... Али чоече не претеруј, каков Македонец јеботе???
Тејк јор шит ман енд гет а фак аут оф мај кофишоп, пис ман !!!
И како бе сега европската, светската идеја за демократија би ми го објаснила ова дека ќе може да бидам што год или гот сакам да бидам, ама не и Македонец од Р. Македонија, зашто на Грциве нешто не им бил кенгурот у реду така?
Значи никој нема да ме прекори за ниту еден момент од овие, никого нема да му навредам, полови, верски, политички, национални чувства и убедувања, ако сум геј, наркоман, гот, финиш, даниш, гик, дизелаш, сељак и до некаде ќе ме толерираат како таков (оти нели така сум избрал, а они се кул и веруваат во правото на избор), ама ниту еден момент нема да можам да се наречам Македонец од Р. Македонија, за да не им навредам што и да е на то грчишчана... Епа луѓе доловете си ја сликата и нека ми објасни некој, каков е овој нон сенс.
Не сум геј, иако како што кажа еден другар неколку другари ќе потврдат, а може дури и неколку девојки да се најдат што ќе го тврдат истото и знам дека си поиграв со некои заебани стереотипи што можеби не е соодветно, но сето тоа од аспект да доловам колку само не ми е јасно. И се надевам нема да навредам ничии чувства со текстов... Само сакав да кажам колку јебено не ми е јасно.
И да се вратам на муабетот на дечкото од почетокот, којзнае можеби и не е толкава сељанчуга афтер ол, боље е да иде во Италија на пример, таму барем не ценат како Македонци од Р. Македонија... Нели???
Шо е убо Грција куров? Д’умриш не одам. :)
ReplyDeletee ne odam de :))
ReplyDelete