Здраво. Моето име е Стивен Хокинг. Физичар, космолог и нешто како сонувач. Иако не можам да се движам и морам да зборувам преку компјутер, во мојот ум јас сум слободен.Слободен да ја истражувам вселената и да побарам одговори за големите прашања, како што се: дали патувањето низ времето е можно? Можеме ли да го отвориме порталот на минатото или да најдеме „кратенка’ - портал за иднината? Можеме ли во крајна линија да ги искористиме законите на природата и да станеме господари на времето?
Патување во времето некогаш се сметаше научен ерес. Јас се обидував да го избегнам зборувањето за тоа со страв дека ќе бидам наречен чудак. Но, овие денови не сум толку внимателен. Всушност, сум повеќе како оние луѓе кои го изградиле Стоунхенџ. Опседнат сум со времето. Ако имав временска машина би ја посетил Мерилин Монро на нејзината премиера или би му „наминал’ на Галилео дури го врти својот телескоп кон небото. Можеби дури и би патувал до „крајот“ на универзумот за да дознаам како завршува целата наша космичка приказната .Да видиме како ова би било можно, треба да се погледне на времето како физичарите што го прават - во четвртата димензија. Тоа не е толку тешко како што звучи. Секој внимателен „школарац“ знае дека сите физички објекти, дури и јас во мојот стол, постојат во три димензии. Сè е во ширина и висина и должина.
Но, постои друг вид на величина, величината на времето. Додека човек може да преживее 80 години, камења на Стоунхенџ, на пример, стојат над илјада години. А сончевиот систем трае милијарди години. Сè си има своја должина во време, како и простор. Патување во времето значи патување преку оваа четврта димензија.
За да видите што значи тоа, ајде да замислиме нормално секојдневно патување со кола. Возете во права линија и „патувате“ во една димензија. Свртете десно или лево и додавате втората димензија. Возете нагоре или надолу на нерамен планински пат и додавате висина, така што патувате во сите три димензии. Но, како ли да патувате во времето? Како да најдеме пат низ четвртата димензија?
Ајде да внесеме малку научна фантастика за момент. За патување во времето филмовите често користат голема, гладна за енергија- "машина. Машината создава пат низ четвртата димензија, тунел низ времето. Патник низ времето, храбар, можеби „мрднат“ поединец, подготвен за СЕ, зачекорува во временскиот тунел и се појавува, кој знае кога. Концептот може да биде пресилен и реалноста може да биде многу поразлична од ова, но идејата сама по себе не е толку луда.
Физичарите размислуваат за тунели во времето исто така, но сепак од различен агол. Се прашуваме, како и дали портали за минатото или иднината би можеле да бидат можни во рамките на законите на природата. Како што се испоставува, ние мислиме дека се. Уште повеќе, ние (физичарите) дури успеавме и да им дадеме име: „wormholes“. Вистината е дека „wormholes“ се насекаде околу нас, само тие се премногу мали за да ги видите. Wormholes се многу мали. Тие се „наоѓаат“ во дупките и шуплините во просторот и времето. Можеби ви е тежок концептот, но останете со мене.
Ништо не е рамно или цврсто. Ако погледнете доволно одблиску, нема ништо на што нема да најдете дупки и „брчки“. Тоа е основен принцип во физиката, истото се однесува и на времето. Дури и нешто мазно како базен топка има мали пукнатини, брчки и празнини. Лесно е да се покаже дека сето ова е точно во првите три димензии. Но, верувајте ми, тоа е, исто така, важи и за четвртата димензија. Постојат мали пукнатини, брчки и празнини и во времето. Одејќи надоле се до најмалата од скалите, помали дури и од молекули, помали од атомите, ќе стигнеме до место што е наречено квантната пена. Ова е местото каде што постојат wormholes. Мали тунели или кратенки низ просторот и времето постојано се формираат, исчезнуваат и од ново се појавуваат во рамките на квантниот свет. И тие всушност поврзуваат две одделни места и две различни времиња.
За жал, овие тунели во реалното време се само милијарди трилиони- трилиони од сантиметар во пречник.Премногу мали за човек да помине низ нив - но еве каде поимот на wormhole доаѓа до израз. Некои научници сметаат дека е можно да биде можно да се „фати“ еден wormhole и „прошири“ многу трилиони пати за да го направи тоа доволно голем за човекот или дури вселенски брод да може да влезе.
Со доволна моќ и напредната технологија, можеби гигантски wormhole дури и би можело да биде изграден во вселената. Јас не велам дека ќе се направи, туку дека е можно, тоа ќе биде навистина извонреден уред. Едниот крај би можело да му биде тука во близина на Земјата, а другиот далеку, далеку, во близина на некоја далечна планета.
Теоретски, временски тунел или wormhole би можел да стори многу повеќе од тоа да не однесе на другите планети. Ако двата краја на уредот се на исто место, а разделени со време наместо од далечина, бродот би можел да лета и да излезе повторно во близина на Земјата, но во далечно минато. Можеби диносаурусите би биле сведоци на брод што доаѓа за слетување.
Најбрзото возило со екипаж во историјата беше Аполо 10. Достигна 25.000 милји/ ч.... Но, за да патуваме во време ќе треба да се оди повеќе од 2.000 пати побрзо
Сега, јас разбирам дека размислување во четири димензии не е лесно, и дека wormholes се „зафркнат“ концепт за да се сфати, но чекајте малку. Смислив едноставен експеримент кој може да открие дали патување во времето преку wormhole за човекот е можно сега или во иднина. Инаку за себе велам дека обожавам едноставни експерименти и шампањ.
Па, споив две од моите омилени нешта, за да се види дали патувањето низ времето од иднината кон минатото е можно.
Да замислиме дека правам забава, за добредојде, прием за временските патници од иднината. Но, има еден „проблем“. Не кажувам на никого се дури забавата на заврши. Сум изготвил покани што даваат точни координати во простори време. Надевајќи се дека копии од него, во една или друга форма, ќе може да се најдат и за многу илјадници години подоцна. Можеби еден ден некој што живее во иднина ќе најде информации за поканата и ќе искористи wormhole - машина за патување низ времето, за да се врати на мојата забава, докажувајќи дека патувањето низ времето, еден ден, ќе биде можно.
Во „меѓувреме“, моите „патници низ времето“ гости треба да пристигнат секој момент. Пет, четири, три, два, еден. Но како што го велам ова, никој се уште не пристигнал. Каков срам. Се надевав барем идната Мис на универзумот дека ќе зачекори низ вратата. И зошто не успеа експериментот? Една од причините може да биде поради добро познатиот проблем со патувањето низ времето кон минатото, проблемот на она што ние го нарекуваме парадокс.
Парадоксите се забавни за размислување. Најпознатиот од нив,обично се нарекува парадоксот на „Дедото“. Имам нова, поедноставна верзија што ќе ја наречам парадоксот на „лудиот научник“.
Не ми се допаѓа начинот на кој научниците во филмовите често се опишуваат како луди, но во овој случај, тоа е точно. Ова момче(„лудиот научник“) е решено да создаде парадокс, дури и ако тоа го чини неговиот живот. Замислете, некако, тој изградил wormhole, временски тунел што се „протега“ само на една минута во минатото.
Преку wormhole-от, научникот може да се види себе си како што бил пред една минута. Но што ако нашиот научник користи wormhole за да пука неговото претходно „јас“? Тој сега е мртов. Значи кој пукаше тогаш? Тоа е парадокс. Тоа едноставно нема никаква смисла. Тоа е ситуација која на космолозите им создава кошмари.
Овој вид на временска машина би го кршел фундаменталното правило кое владее со целиот универзум – дека причините им претходат на последиците и никогаш не обратно. Верувам дека нештата не можат да се направат самите себе невозможни. Ако би можеле, тогаш нема ништо што да го запре целиот универзум да завлезе и пропадне во хаос. Затоа, мислам дека нешто секогаш ќе се случи што ќе го спречи овој парадокс. Некако мора да има причина зошто нашиот научник никогаш нема да се најде во ситуација каде што може да си пука во себе си. И во овој случај, жал ми е што ќе кажам, wormhole - от сам по себе е проблемот.
На крајот, мислам дека еден wormhole како овој не може да постои. И причината за тоа е feedback - от. Ако некогаш сте биле на рок свирка, веројатно ќе го препознаете звукот на „гребење“ – бучавата. Тоа е фидбек. Кои се причините, заради кои се појавува, се едноставни. Звукот влегува во микрофон. Се пренесува преку жиците, станува погласен од страна на засилувач – „појачалото“ и излегува низ звучниците. Но, ако премногу звук од звучниците оди назад во микрофонот и оди наоколу и се врти во круг се добива се погласен звук секој пат. Ако никој не го запре, feedback-от може да уништи системот.
Истото ќе се случи со wormhole-от, само овој пат со зрачење, наместо со звукот. Штом wormhole-от се проширува, ќе влезе и природна радијација и ќе заврши во круг. Feedback-от ќе стане толку силен што ќе го уништи целиот wormhole. Значи, иако мали wormhol-и постојат и дури и еден ден да може да биде можно да се „надува“ доволно голема, сепак нема да трае доволно долго за да се искористи како временска машина. Тоа е вистинската причина зашто, никој не може да се врати низ времето за да дојде на мојата забава.
Секаков вид на патување низ времето кон минатото, преку wormholes или секој друг метод е веројатно невозможен, инаку ќе се случи парадоксот. Значи за жал, изгледа патувањето низ времето во минатото, никогаш нема да се случи. Разочарување за ловците на диносауруси и олеснување за историчарите.
Но, приказната не е завршена. Ова не ги прави сите патувањето низ времето невозможни. Верувам во патување низ времето. За патување низ времето во иднината. Времето тече како река и се чини како да секој од нас незадржливо е носен од „струјата“ на времето. Но, времето е како река на поинаков начин. Тече со различни брзини на разни места и тоа е клучот на патувањето во иднината. Оваа идеја беше за првпат предложена од Алберт Ајнштајн пред повеќе од 100 години. Тој сфатил дека треба да има места каде што времето се успорува, и други, каде времето забрзува. Тој беше апсолутно во право. И доказот е веднаш над нашите глави. Во вселената.
Глобалниот систем за позиционирање, или ГПС е мрежа на сателити во орбитата околу Земјата. Сателитите ја овозможуваат сателитската навигација. Но, тие, исто така, откриваат и дека времето истекува побрзо во вселената, отколку што тоа е долу на Земјата. Во внатрешноста на секое вселенско летало се наоѓа многу прецизен часовник. Но, и покрај тоа што се толку точни, тие сепак „добиваат“ околу една третина од милијардитиот дел од секунда секој ден .Системот заради ова мора да се корегира, во спротивно малата разлика ќе го „испреврти“ целиот систем, предизвикувајќи секој GPS уред на Земјата да се „излезе“ од патеката приближно околу шест милји на ден. Може да се замисли „пеколот“ што би се предизвикал со ова.
Проблемот не лежи со часовниците. Тие работат брзо, бидејќи самото време работи побрзо во вселената отколку долу. А причината за овој извонреден ефект е масата на Земјата. Ајнштајн сфатил дека материјата го влече времето и го одложува како бавниот дел од реката. Колку е потежок објектот, толку повеќе се „влече“ во времето. И токму оваа реалност е она што ја отвора вратата на можноста за патување низ времето во иднината.
Право во центарот на Млечниот Пат, 26.000 светлосни години од нас, се наоѓа најтешкиот предмет во нашата галаксија. Тоа е супермасивна црна дупка која содржи маса на четири милиони сонца „мелени“ надолу во една точка околу сопствената гравитацијата. Колку се доближувате до црната дупка, толку посилна е гравитацијата. Кога е навистина блиску дури и светлина не може да „избега“. Црната дупка како оваа има драматичен ефект на времето, забавувајќи го многу повеќе отколку било што друго во нашата галаксија. Тоа ја прави еден вид природна временска машина.
Ми се допаѓа замислата како еден вселенски брод би можел да биде во можност да ги искористи предностите на овој феномен, со тоа што би орбитирал околу неа. Ако вселенска агенција би ги контролирала од Земјата тие ќе забележат дека секоја целосна орбита изнесува 16 минути. Но, за храбрите луѓе на „бродот“, во близина на овој масивен објект, времето ќе се успори. И тука ефектот ќе биде далеку поекстремен отколку на оној од гравитационото влечење на Земјата. Времето за екипажот ќе биде забавено на половина. За секое 16-минутно орбитирање, тие би искусиле „само“ осум минути од времето.
Како што ќе одат наоколу, тие ќе доживуваат само половина од времето на сите подалеку од црната дупка. Бродот и неговиот екипаж фактички ќе патуваат низ времето. Замислете тие да кружат „нивни“ пет години околу црната дупка. За сите останати на земјата, ќе поминат 10. Кога би се вратиле дома, секој на Земјата ќе биде повозрасен за пет години повеќе.
Значи супермасивната црна дупка е временска машина. Но, се разбира, не баш практична. Има предности во однос на wormholes во тоа што не предизвикува парадокси. Плус нема да се уништи за момент од фидбекот. Но, е прилично опасна. Едно е што е далеку, а и не не „носи“ многу далеку во иднината. За среќа постои друг начин за патување во времето. И ова претставува нашата последна и најдобра надеж за градење на вистинска машина за „патување“ низ времето.
Треба само да патувате многу, многу брзо. Многу побрзо дури и од брзината која е потребна за да не не „голтне“ црната дупка. Ова се должи на еден друг чуден факт врзан за универзумот. Постои една космички „бариера“, брзина од 186.000 милји во секунда, исто така позната како брзината на светлината. Ништо не може да ја надмине таа брзина. Тоа е еден од најдобро воспоставените основани принципи во науката. Верувале или не, патувањето со брзина приближна на брзината на светлината ќе ве транспортира кон иднината.
За да се објасни зошто, да замислиме формирање на научно - фантастичен транспортен систем. Замислете патека што оди околу Земјата, патека за супер - брз воз. Ќе го користиме овој имагинарен воз за да добиеме што е можно поблиска брзина до брзината на светлината и да видиме како ќе стане временска машина. На возот се патници со еднонасочен билет кон иднината. Возот почнува да се забрзува, побрзо и побрзо. Наскоро почнува да кружи околу Земјата одново и одново.
За да пријде на брзината на светлината значи дека кружи околу Земјата прилично брзо. Седум пати во секунда. Но, без оглед колку енергија возот има, таа никогаш не е доста за да може да се достигне брзина на светлината, бидејќи законите на физиката го забрануваат тоа. Наместо тоа, да речеме дека доаѓа блиску, на фрагмент до крајната брзина. Сега се случува нешто необично. И тогаш времето „почнува“ да тече бавно на возот, во однос на остатокот од светот, исто како и во близина на црна дупка, дури и уште повеќе. Сè што е на возот е во „забавено“ движење.
Ова се случува заради „заштита“ на брзина и не е тешко да се види зошто. Замислете дете што трча напред на кровот на возот. Неговата брзина се додава кон брзината на возот, така да зарем не би можел да ја „скрши“ - да ја премине брзината на светлината, чисто случајно? Одговорот е не. Законите на природата го спречуваат тоа со забавување времето на возот.
Сега детето не може да трча доволно брзо за да ја „скрши“ граница. Времето секогаш ќе се забави доволно за да се заштити брзина од дозволената. И од тој факт, доаѓа можноста за патување многу години во иднина.
Замислете дека возот заминал од станицата на 1 јануари 2050 година. И кружи околу Земјата одново и одново 100 години, пред конечно да застане на Новогодишната Ноќ, 2150. Патниците ќе имаат „живеено“ само една недела, бидејќи времето се забавило до толку внатре во возот. Кога би излегле тие ќе најдат еден многу различен свет од оној кога што заминале. Во една недела тие ќе имаат „пропатувано“ 100 години во иднината. Се разбира, градење на воз кој би можел да достигне таква брзина е сосема невозможно. Но ние имаме изградено нешто многу слично како возот во најголемиот светски акцелератор на честички во ЦЕРН во Женева, Швајцарија.
Длабоко под земја, во кружен тунел 16 милји долг, има поток на трилиони ситни честички. Кога ќе се вклучи тие („честичките“) се забрзуваат од нула до 60.000 милји на час во само дел од секунда. Зголемување на моќта и честичките одат побрзо и побрзо, додека не почнат да „вртат“ околу тунелот 11.000 пати во секунда, што е речиси со брзината на светлината. Но, исто како и возот, тие никогаш не ја достигнуваат крајната брзина. Тие може само да достигнат до 99,99 проценти од крајната брзина. Кога тоа се случува и тие почнуваат да патуваат во времето. Ова го знаеме заради тоа што ова се исклучително краткотрајни честички, наречени pi пи-мезони. Обично, тие се разградуваат по само 25 милијардити дел од секунда. Но, кога тие се забрзани до близина на брзината на светлината тие траат до 30 пати подолго.
Навистина е толку едноставно. Ако сакаме да патуваме во иднината, ние само треба да „патуваме“ брзо. Навистина брзо. И мислам дека единствениот начин на кој ние некогаш може да го направиме тоа е да одиме во вселената. Најбрзото возило со екипаж во историјата до сега беше Аполо 10. Достигна 25.000 милји / ч. Но, за да патуваме низ времето ќе треба да одиме повеќе од 2.000 пати побрзо. И за да би го направиле тоа би ни требал многу голем брод, навистина огромна машина. Бродот би требало да биде доволно голем за да носи огромно количество на гориво, што е доволно за да се забрза речиси со брзината на светлината. За да дојдеме приближно до токму под космичка брзина ќе треба шест цели години со полна моќ.
Почетната забрзување ќе биде „нежно“, бидејќи бродот ќе биде толку голем и тежок. Но, постепено ќе ги „собира“ брзина и наскоро ќе биде опфаќа масовни растојанија. Во една недела тоа ќе ги достигне надворешните планети. По две години ќе достигне половина од светлосната брзина и биде далеку надвор од нашиот сончев систем. Две години подоцна ќе патува со 90 отсто од брзината на светлината. Околу 30000000000000 (трилиони) милји далеку од Земјата, и четири години по лансирањето, бродот ќе почне да патува низ времето. За секој час од времето на бродот, ќе поминат два на Земјата. Слична ситуација на брод што „орбитира“ околу масивната црна дупка.
По уште две години со полна моќност и бродот ќе ја достигне својата максимална брзина, 99 отсто од брзината на светлината. На оваа брзина, еден ден на бродот е една цела година на Земјата. Нашиот брод навистина ќе „лета“ во иднината.
Но, забавувањето на времето има и друга корист. Тоа значи дека ние би можеле, во теорија, да патуваме извонредно големи растојанија во рок од еден живот. А патувањето до работ на нашата галаксија ќе „трае“ само 80 години. Но, вистинското чудо од нашето патување е тоа што открива колку чудно место е нашиот универзумот. Тоа е универзум, каде што времето тече со различна брзина во различни места. Каде што ситни wormholes постојат насекаде околу нас. И каде што, во крајна линија, можеме да го користиме нашето разбирање на физиката за да станеме вистински „патници“ низ четвртата димензија.
Текстот е превод на оригиналната статија превземена од тука.
Колку што знам, Тесла предлагал и друг начин-со многу јако електромагнетно поле кое би створило просторно-временска дупка
ReplyDeleteДа па нели Филаделфија проектот, кога бродот очевидци тврдат дека истовремено го гледале и во Филаделфија и Солт Лејк Сити и не знам каде уште не и кога се исклучило полето имало луѓе на половина истопени во металот од бродот. Заклучокот бил дека се нарушил временско просторниот континиум. Инаку Тесла развивал штит од торпеда за бродовите со магнетни бранови... Ама му се лизнал некој резонатор изглеа и си ибале мајката... После што Тесла се повлекува и под мистериозни околности умира... Али тоа е друга тема... Исто така мислам дека Британците, имаат тенк со магнетен штит од пред некоја година.
ReplyDeleteДа па нели Филаделфија проектот, кога бродот очевидци тврдат дека истовремено го гледале и во Филаделфија и Солт Лејк Сити и не знам каде уште не и кога се исклучило полето имало луѓе на половина истопени во металот од бродот. Заклучокот бил дека се нарушил временско просторниот континиум. Инаку Тесла развивал штит од торпеда за бродовите со магнетни бранови... Ама му се лизнал некој резонатор изглеа и си ибале мајката... После што Тесла се повлекува и под мистериозни околности умира... Али тоа е друга тема... Исто така мислам дека Британците, имаат тенк со магнетен штит од пред некоја година.
ReplyDelete