Панкот не е мртов, умреа само луѓето што го создаваа!!!
Дали ме погоди смртта на Малколм Мекларен, дали сум слушал панк, сум бил ли во Париз, што мисли Џони Роттен за ова, дали Џој Дивижн се добар бенд, сменивме ли нешто??? Се продадовме ли? Конформизмот во општеството кој ни се наметнува, зарем ќе дозволиме да не дотепа? ТИЕ ЛИ ПОБЕДИЈА?
Ако спроти тебе седи цура и ако ти клима со глава на муабетиве (а обично климаат) значи дека ради само на господ познати причинии и се бендисуваш и појма нема што збориш, али ќе те лапа. И она што во тој момент „трезвено“ треба да се размисли е колку си испил, дали заради тоа ти проаѓа, дали е можно другарите да стојат зад ова и никад, ама никад да не ја гледаш у цицки дури одлучуваш.
Шала на страна, еве не неколку (прибајаги) години подоцна, послабо слушам панк, ама знам да си „рокнам“ по сабајле некад да се размрдам и да плукнам во шољата онака „панкерски“, фак д рулз стајл. Како така, екипа се склопила добра од време на време да се испие по некое вино на клупа, арно ама некако како да му ја легнавме на брашното сите... Се уште седиме, цинично критикуваме, паѓаат добри заебанции, по некоја семка, ама како да ни го земаа дерманот со дневно политичкиов актуелизам, без при тоа воопшто да ни остават простор да се запрашаме за смислата на нашата егзистенција, на пример.
Во стилот посо куча наоѓаме изговори, си задаваме мисии, како ќе ги откажам цигарите, од утре на диета сум, не ги носам веќе овие пантолони ме потат на препона многу, од утре не идам у Балет, се екстрахиравме од целите нас, останавме заглавени во некој хедонизам испревртен, сосема неоспорно оправдан со само едно и единствено ЈЕБИ ГА.
И годините си минуваат, пар искомплексирани дечиња си играат политички елити, ете не нас од другата страна се бориме со сопствените демони, дури пар морончиња ни ја однесоа веќе 20 години државава у курац. И ете разбрав дека почина Малколм и викам кого заеба овој?
Македонските бендови не идат во гаражи да свират, се кријат од што немаат нити креативен набој, нит енергија која би ги мрднала да се качат на сцена, а камоли да повикаат на некоја општествена промена. Идоли се некои цури кои пеат за како и раскинал дечко и, кога прв пат добила, момци облечени во сомнителни бутици, кои се обидуваат да шизат како Ашер. Па и не знам што воопшто и објаснувам доволно е веројатно да се каже дека најперсепктивниот рокерски бенд денес ни се Некст тајм и ќе биде јасна ситуацијата.
И пак да се вратиме на тоа кој е крив и кој победи? Епа тие победија и ние сме криви, остаивме авангардата да ја водат пар други копиљаана што кидаа од часови кога се учеше правопис, цел живот имаа кецови по секој ебан предмет „пошто они као се фураа да миксаат“ и сеа низ градот убав кој пак ќе никне у 2014, праат журки и фураат фазон дека го донесоа западот. Носат као ДИЏЕИ без да им текне дека WC немаат средено, обезбедување повикано, прва помош и мал милион други мали и гооолеми заебанции. Село без кучиња останавме и што е најлошо тие кои што требаа да бидат двигатели на прогресивната мисла во градот и државата завршија како фриленсери работејќи што ќе им се даде. Од организација, до промоција, ДиЏејство, уште у шанк на крај на вечер да мијат чаши да влагаат. Сами креираат промотивни кампањи на социјалните мрежи као да се у тренд, не дека е тоа единствен и најефтин начин, НЕЕЕЕЕ, креативни се и напредни во идеите, ради тоа човече... само ради тоа. Така го правеше тоа и Малколм :)
Ни треба креатива и тоа ни треба сега, ни требаат бендови, не само по некоја светла точка, туку цела палета од бендови со раштимани меланхолични рифови на гитари, енергија и идеја пред реализација и желба да се промени нешто, кои ќе повикуваат на одговори преку својата музика, ни треба секој викенд промоција на нов бенд, да се калат по сцените, си требаме и ние самите, си го должиме тоа, да се видиме како скокаме на некој таков бенд. Квантитетот неминовно ќе донесе квалитет и ќе се создаде публика и со тоа ќе се смени и ноќниот живот, ќе се бара жива свирка со авторска музика, а не издртани рокери со мрсни коси, што пејат U2 за 100 евра - е така се прави „револуција“.
Кога се појави панкот во Британија се случи културен феномен, се срушија старите стереотипи, во едно од најконзервативните општества некој се осмели да ја критикува кралицата и тоа на кој начин:
И сето тоа канализирано на начин кој покрена општествена промена која засекогаш го измени британското општество и слободно ќе речам светот. Се надевам само дека ќе ни се случи таа револуција па макар и 40 години подоцна, зашто овој пат навистина ни треба.
Малколм секоја чест и ако за друго немам право да ти заблагодарувам, барем благодарам за неколку песни кои останаа неизоставен дел од мојот живот и животот барем на неколку драги луѓе што ги знам. Почивај во мир!!!
што да ти кажам брату ... секое зошто си има свое јеби га! ... збогум Малкоме .. почивај во мир ;)
ReplyDelete...Многу јак текст, на жалост се растажив и разнежнив ми врати спомени и ме присетив дека панкер се раѓаш а не стануваш кога ќе пораснеш... Ме мрзи да пишувам... Ама ќе напишам нешто многу наскоро...
ReplyDeleteшто да ти кажам брату ... секое зошто си има свое јеби га! ... збогум Малкоме .. почивај во мир ;)
ReplyDelete