2013-11-29

Добар ден другари!



Кој прати прати, кој не еве да појасниме некои работи за Снепчет

Мобилна апликација која пред некој ден одби 3 милијарди $ од Фејсбук за да биде купена. За споредба пред некаде година дена Инстаграм беше продаден за 1 милијарда $. И тогаш што е моментот што овие момци ги тера да веруваат дека ќе тепаат многу повеќе кеш од неколку милијарди долари?

Апликацијата денес служи за споделување на повеќе фотографии од Фејсбук 400 милиони фотки дневно. Праќачот може да избере колку време ќе се прикажува фотографијата од 1 - 10 секунди и после тоа се губи. Некои ликови нашле начин како да ги најдеш зачувани во телефонот, ама за тоа генерално треба да си гик, недоебан и да немаш живот :) Сепак доколку, сериозно разговараме на темава е раснечка грижа за корисниците, осoбено ако се земe предвид дека голем дел од содржините се праќаат со намера да бидат еднократно прикажани типа секси, недолични коментари, интимни фотки или видеа и тн...

Основачите веќе успеаја да привлечат одреден венчр капитал накај мислам веќе 300 милиони евра, што значи дека не е дека не знаат на каде тераат.

Првиот бизнис модел кој се предвидува дека ќе биде можноста да се дава опцијата на адвертајзерите да ставаат реклами со тоа што за разлика од рекламирањето на други апликации и сајтови овој пат се сигурни дека корисникот е со целото внимание вклучен во следењето на тоа што се случува: 

1. Затоа што мора да го држиш прстот на видеото или фотката во периодот дури се прикажува
2. Затоа што тоа значи дека со погледот си вперен во моментот накај телефонот и тоа што се прикажува ти е во видливото поле 
3. Затоа што е видео (фотографија) од некој твој пријател и сигурно ќе сакаш да го погледнеш

Значи ќе ни ставаат реклами а?

И сега бизнис моделот може да е, ако сакате да нема реклами дајте 1 $ и така обично тоа иде, што ќе значи за нив веројатно губење на голем дел од публиката, а тие не би сакале тоа ја бар така мислам. И затоа земав да размислувам како би можело да монетизираат поинаку?

Па еве што ми текна, не памтам дека видов terms and conditions кај нив, ама ионака и да има кој чита :) како и да е, замисли да има опција одеднаш да си платиш 1 $ таа претходната слика на девојката со која што се бркате да си ја фукнеш даунлоуд? Моментално има опција да направиш скриншат и да знаете дека кога го правите тоа другиот корисник добива нотификација за тоа. 

Па ќе има старлети кои ќе ги пратиш и ќе ставаат фотки и наместо да го праат тоа беспари таму по инстаграми, фејсбуци, твитери, зашто да не си ги поздрави своите фанови на Снепчет со најновата танга рецимо? Тоа е можно и за нив да значи потенцијална заработка, а за Снепчет една голема банда дркаџии, а тоа не е мала бројка на интернет да се разбереме.

Други модели еве веќе некое време размислувам, но не ми текнуваат, а би сакал да чујам. Па ако ви текнува нешто, слободно пишете во коментари или пратете на Снепчет. 

Другари!!!






1 comment:

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...